9 причини зошто вреди да се посети Истанбул
БЛОГ
Од историја и превкусна храна до крстарење по Босфорот, Истанбул е вистинска магија за туристите.
Истанбул е огромен хаотичен град, но тој дефинитивно го маѓепсува секој што ќе го посети барем еднаш.
Убавиот Босфор, историските остатоци од различни култури на секој агол, прекрасната храна се дел од причините што ќе направат да се враќате во овој турски град одново и одново.
Постојат низа причини зошто Истанбул е одлична туристичка дестинација:
Историјата на Отоманската империја
Не можете да го посетите Истанбул и да не бидете вовлечени во богатата историја, особено преку остатоците од грандиозната Отоманска империја.
Палатите Topkapı и Dolmabahçe се вистинска временска машина која ќе ве одведе во ерата на моќните султани и нивните хареми.
Прекрасната храна
Турција има различни видови на храна и уникатни рецепти во секој од нејзините региони, но Истанбул е местото каде прекрасните традиции се спојуваат во едно.
Од уличните продавачи на храна до беспрекорната турска кујна во рестораните, изборот е огромен.
Шарени пазари
Речиси секое соседство во Истанбул има пазари. Највпечатлив е пазарот за зачини, каде можете да го најдете кој било зачин што може да ви падне на ум.
Свежи продукти од селата, турски благи, разни сирења и маслинки... Има по нешто и за најпребирливите.
Уметнички галерии и музеи
Покрај историјата на Турција, во прекрасните уметнички галерии и музеи ќе видите и дела од модерни интернационални артисти.
Во листата на задолжителни за посета запишете ги и двата не толку познати музеи во кои изложуваат познати светски уметници: Sakıp Sabancı Museum и Pera Museum.
Хипстерски соседства
Забавниот дух на хипстерите го има во многу концептуални продавници, кафулиња и коктел барови во соседствата како Galata, Karaköy и Arnavutköy.
Прошетајте низ овие места, кои ќе ви дадат вистинско чувство за локалната култура, на страна од местата преполни со туристи.
Остатоци од Византиската империја
Покрај архитектурата од Отоманската империја, во Истанбул ќе пронајдете и значајни остатоци од Византиската империја. Црквите и градбите од овој период може да ги сретнете на секој агол.
Магичниот Босфор
Не можеме да зборуваме за Истанбул, ако не го споменеме Босфор, познатиот проток што ја дели Европа од Азија.Задолжително појдете на крстарење на Босфорот за да ги видите прекрасните глетки кон градот од вода. Исто така, посетете некој од рестораните за морска храна со поглед кон водата.
Турските бањи
Турските бањи или амани се препознатливи за Истанбул. Ако сакате луксузно искуство посетете ги Sultan Hamamı и и Kılıç Ali Paşa Hamamı.
Капењето во неверојатните мириси и комплетната релаксација ќе ви бидат еден од најубавите мигови од патувањето.
Шопинг
Од интернационални дизајнерски продавници до најголемите покриени пазари во светот, Истанбул има по нешто за сечиј буџет.