НАЈБАРАНА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ЛЕТО - КУМБУРГАЗ, ТУРЦИЈА
БЛОГ
Уште една нова дестинација - сместена на обалата на прочуеното Мраморно море. За сите љубители на турската кујна и турското кафе, подготвивме посебна дестинација - Кумбургаз.
Станува збор за малечко гратче, на 60км од Истанбул, кое ќе ве купи со својот шарм и медитерански темперамент. Располага со голем избор на хотели со 3*, 4* и 5* кои нудат беспрекорна услуга. Кумбургаз го красат долгите песочни плажи со чисто и топло море. Долж плажата, се простира шеталиште со голем број на ресторани, слаткарници, продавници за сувенири и кафичи. Во јужниот дел на Кумбургаз се наоѓаат неколку мали плажи кои претставувааат бисер на овој дел од Медитеранот.
Предлагаме да ги посетите Мраморните острови, по кои и самото море го добило своето име. Островите се богати со наслаги од мермер (мрамор). Исто така, имате можност да го посетите единствениот Истанбул, градот на два континенти, кој нуди богата културно-историска содржина во комбинација со шопинг. Можете да отидете на незаборвно крстарење по Босфор, да ја посетите Аја Софија и Сината Џамија или да шетате по Истанбулските булевари со бујна Медитеранска вегетација. Богато природно опкружување, традиционалната турска гостопримливост, можност за посета на разни туристички содржини, се само дел од она што Ве чека доколку оваа година се одлучите за одмор на турската обала, во единствениот Кумбургаз.