Предлог работи кои мора да ги направите додека сте на Копаоник
БЛОГ
Копаоник, покривот на Србија е еден од најпопуларните зимски центри во регионот. Во својот највисок дел потсетува на куќа со рамен покрив, па го викаат Рамен Копаоник и токму тука е средиштето на туристичкиот центар.
Овде се сместени голем број хотели, апартмани, вили, одморалишта и планинарски домови, како и спортски терени, базени, теретани, кино, продавници, ресторани и клубови. Копаоник е планина за забава на снег, но и за уживање на оние на кои спортот не им е приоритет. Подоле имате 6 одлични можности кои вреди да се пробаат доколку сте на Копаоник.
1. БОБ НА КОП
Боб претставува атракција која ќе понуди незаборавно доживување. Постојат специјални патеки кој водат низ шумиските предели на Копаоник, движењето е во специјални санки. Оваа активност е идеална за возрасни, но и деца во придружба на родител.
2. ЛИЗГАЛИШТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА КОПАОНИК
Во самиот центар има лизгалиште каде што со купување на билет може да обезбедите многу забава и смеење. За оние кој претходно не лизгале, има и можност за кратка обука од инструктор.
3. SKI SAFARI
Ски Сафари претставува 4 часовна обиколка на Копаоник и сите негови убавини. Се организира во придружба со инструктор, кој е задолжен да Ве запознае со ски стазите и да Ви помогне во усовршување на скијачките способности.
4. ВОЗЕЊЕ СО SKI-DOO МОТОРНИ САНКИ
Доколку сте љубител на адреналински возења, ова е вистински избор за Вас. Возењето со моторни санки трае од 40 – 60 минути, најчесто е организирано во групи (5-6 санки). Секоја група има своj водич и инструктор.
5. ВОЗЕЊЕ СО ПЛАНИНСКИ ВЕЛОСИПЕДИ ПО СНЕГ
Ова претставува вистински предзвик кој гарантира незаборавно искуство. Се одвива со инструктор и специјална опрема, трае околу 1 час. Движењето се одвива по веќе определени стази за вакви активности.
6. SNOW PARK
При посета на Копаоник во текот на зимската сезона, одлична можност за сите скијачи претставува токму овој парк. Има должина од 450метри и три различни патеки со препреки.