ЗАТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА МИМОЗИТЕ
ФЕВРУАРИ
Фестивалот на мимозите во Херцег Нови претставува една од најпознатите и највеселите зимски манифестации на Јадранот, која со децении ги обојува февруарските денови во жолто и ја најавува пролетта. Посветен на мимозата – симболот на градот и на новиот почеток, фестивалот нуди богата програма исполнета музика, концерти, гастрономски уживања и неповторлива медитеранска атмосфера. Во текот на манифестацијата, херцегновската ривиера пулсира со живот, мириса на расцветани мимози и ги пречекува посетителите со насмевки, дружење и вистински празничен дух.
Програма
Ден 1 - 25.02.2027 (четврток)
- Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ден 2 – 26.02.2026 (петок) БУДВА
- Пристигнување во Будва. Во попладневните часови сместување во вила во центарот на Будва. Слободно време за индивидуални активности и прошетка. Ноќевање.
Ден 3 – 27.02.2026 (сабота) КОТОР-ПЕРАСТ-ИГАЛО
- Овој ден е предвиден за факултативна посета на Пераст и Котор.
Котор – еден од најзначајните историски градови на Јадранот. Прошетка низ стариот град, кој од 1979 година е под заштита на УНЕСКО. Посета на катедралата Свети Трифун (1166 г.), разгледување на средновековните ѕидини и уживање во автентичниот амбиент на тесните улички, плоштади и палати. Слободно време за индивидуални активности.
Пераст – мал, тивок и величествен град кој изгледа како парче од Венеција закотвено во Которскиот залив. Сместен во подножјето на ридот Свети Илија, Пераст и покрај тоа што има само една главна улица, се гордее со 16 цркви и 17 поранешни палати. Град кој освојува на прв поглед со својата романтична и благородна атмосфера.
По прошетката, враќање назад во Будва. Слободно време за индивидуални активности.
Во вечерните часови, заминување кон Игало, каде што ќе присуствуваме на свеченото затворање на 58. Фестивал на мимозите.
Програмата започнува со традиционалното „Судење на Карневалот“, кое ќе се одржи на плажата во Игало, во периодот од 20:00 до 21:00 часот.
Настанот ќе биде проследен со свечена поворка во која ќе учествуваат Градскиот оркестар и мажоретките од Херцег Нови, Месниот оркестар од Џеновичи, тромбонерите и маскираните учесници. Во духот на карневалската традиција, ќе му се суди на главниот „виновник“ за сите неволји од изминатата година.
Вечерта продолжува со свечено затворање на 58. Фестивал на мимозите, проследено со голем концерт на популарната хрватска пејачка Јелена Розга.
По завршувањето на програмата, враќање во Будва. Ноќевање.
Ден 4 – 28.03.2026 (недела ) ТИВАТ-ПОРТОМОНТЕНЕГРО-СКОПЈЕ
- Последниот ден од нашето патување го посветуваме на Тиват и Портомонтенегро.
Посебна приказна е Порто Монтенегро, престижна марина која го претвори Тиват во една од најатрактивните јахтинг-дестинации на Јадранот. Некогашното воено бродоградилиште денес е претворено во ексклузивен комплекс со величествени мегајахти, луксузни хотели, елегантни резиденции, бутици и ресторани покрај морето. Не случајно го нарекуваат „црногорското Монте Карло“ – место каде што секој детаљ зрачи со стил, а морскиот амбиент создава чувство дека сте на некоја од најпознатите светски ривиери.
По разгледувањето, продолжуваме со слободно време во Тиват – идеална можност да уживате во крајбрежното шеталиште, да откриете некое од локалните кафулиња или ресторани и да вкусите дел од медитеранската кујна. Тиват е еден од најелегантните приморски градови на Црна Гора, каде што медитеранскиот шарм се спојува со современиот луксуз, прекрасните пејзажи и опуштената атмосфера на Бококоторскиот Залив.
Во попладневните часови тргнување назад кон Македонија. Пристигнување во ноќните часови
ПРОМО ЦЕНА: 99 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
РЕДОВНА ЦЕНА: 119 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
Во цената на аранжманот е вклучено:
- 2 ноќевања апартманско сместување во центарот на Будва
- Превоз на наведената релација
- Посета на Игало – затворање на фестивалот на мимозите проследено со концерт на Јелена Розга
- Организација на патувањето и пратител
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативна посета на Пераст и Котор – 20 евра
- Факултативна посета на Тиват и Портомонтенегро – 10 евра
- Задолжителна доплата за туристичка такса 5€ по лице за двете ноќевања
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
- За single соба се доплаќа дополнителни 2000 ден. од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето или валидна лична карта
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел
| Дата Од | Дата До | Статус | Цена | |
|---|---|---|---|---|
| 25.02.2027 | 28.02.2027 | Активна | 6138 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |




Translate