БУДВА

НОВА ГОДИНА 2027

Програма

1
Ден 1 – 30.12.2026 (среда)
    Состанок на групата на Дрводекор во 22:30 часот, поаѓање во 23:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
Ден 2 – 31.12.2026 (четврток)
    Пристигнување во Будва. Во попладневните часови сместување во вили во центарот на Будва. Слободно попладне.
    Во вечерните часови, се упатуваме на градскиот плоштад каде што ќе уживаме во богата програма предвидена за дочек на Нова Година. Во договорено време враќање во вилата. Ноќевање.
3
Ден 3 – 01.01.2027 (петок) БУДВА-КОТОР-ПЕРАСТ-БУДВА
    Третиот ден е предвиден за факултативна посета на Пераст и Котор.
    Пераст изгледа како парче од Венеција што пловело по Јадранот и се закотвило во Которскиот залив. Пераст е сместен во подножјето на ридот Свети Илија во Которскиот залив. И покрај тоа што има само една главна улица, овој мал град може да се пофали со 16 цркви и 17 поранешни големи палати. Тивок и величествен – Пераст, еден од скриените бисери на Црна Гора гарантираме дека ќе Ве освои на прв поглед. По посетата на Пераст се упатуваме кон Котор.
    Црногорски град на прекрасното јадранско крајбрежје, Котор е местото кое не смеете да го пропуштите. Се наоѓа во затскриен дел на Которскиот залив. Воодушевувачките градски ѕидини говорат за историјата на градот кој и денес зрачи со духот на антиката, изграден помеѓу 12 и 14 век. Од 1979 година стариот град Котор е на списокот на заштитено културно наследство на УНЕСКО. Тој е дом на бројни знаменитости, како што е катедралата Свети Трифун во стариот дел на градот, изградена во 1166 година и античките ѕидини кои се протегаат на 4,5 километри директно над градот и водат до тврдината Свети Иван. Котор претставува една од најпопуларните туристички дестинации во Црна Гора. Стариот град всушност е најпознатиот дел на Котор, каде се зачувани которската историја, култура и традиција, а посетителите имаат можност да се восхитуваат на средновековната архитектура, цркви, катедрали, палати и музеи.
    Во попладневните часови враќање во Будва и во договорено време се упатуваме кон градскиот плоштад, каде што ќе уживаме организирана забава со многу изведувачи организирана на плоштадот. Во договорено време враќање во вилата. Ноќевање.
4
Ден 4 – 02.01.2027 (сабота) БУДВА-ДУБРОВНИК-БУДВА
    Ден предвиден за факултативна посета на Дубровник. Следува разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за уживање во далматинскиот бисер. Враќање во Будва и во договорено време упатување на градскиот плоштад на организирана забава со многу изведувачи.
5
Ден 5 – 03.01.2027 (недела) БУДВА-ТИВАТ-СКОПЈЕ
    Последниот ден од нашето патување го посветуваме на Тиват и Портомонтенегро.
    Посебна приказна е Порто Монтенегро, престижна марина која го претвори Тиват во една од најатрактивните јахтинг-дестинации на Јадранот. Некогашното воено бродоградилиште денес е претворено во ексклузивен комплекс со величествени мегајахти, луксузни хотели, елегантни резиденции, бутици и ресторани покрај морето. Не случајно го нарекуваат „црногорското Монте Карло“ – место каде што секој детаљ зрачи со стил, а морскиот амбиент создава чувство дека сте на некоја од најпознатите светски ривиери.
    По разгледувањето, продолжуваме со слободно време во Тиват – идеална можност да уживате во крајбрежното шеталиште, да откриете некое од локалните кафулиња или ресторани и да вкусите дел од медитеранската кујна. Тиват е еден од најелегантните приморски градови на Црна Гора, каде што медитеранскиот шарм се спојува со современиот луксуз, прекрасните пејзажи и опуштената атмосфера на Бококоторскиот Залив.

    Во попладневните часови тргнување назад кон Македонија. Пристигнување во ноќните часови.

FIRST MINUTE ПОНУДА: 129 ЕВРА

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159 ЕВРА

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз
на наведената релација
-
3 ноќевања апартманско сместување во близина на центарот на Будва
- Организација на патувањето и пратител

 Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативна посета на Дубровник - 30 евра

- Факултативна посета на Пераст и Котор – 15 евра

-Факутлативна посета на Портомонтенегро и Тиват– 10 евра
-
 Задолжителна доплата за туристичка такса 8€ по лице за сите ноќевања 
- Патничко осигурување

 

 

НАПОМЕНА:

-          За single соба се доплаќа дополнителни 4000ден од аранжманот

-          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

-          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето или валидна лична карта

-           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

-          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-          Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

-          За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел           

Дата Од Дата До Статус Цена  
30.12.2026 03.01.2027 Активна 7998 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН