ХАНИОТИ
24 МАЈ
Ханиоти е туристичко место во Халкидики, на полуостровот Касандра во Грција. Познато е по убавите песочно-каменести плажи и чистото море. Времето е пријатно со температури околу 22-24°C, идеално за прошетки и релаксација, што го прави совршено за мирен пролетен одмор.
Програма
ДЕН 1 – 23.05 (сабота)
- Скопје – Ханиоти
Состанок на дрводекор во 4:30ч. Тргнување кон Ханиоти. Патуваме преку граничен премин Богородица. Попатно застанување во Лидл. Сместување во хотел Олимпик Косма. Слободно попладне. Ноќевање.
ДЕН 2 – 24.05 (недела)
- Ханиоти
Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности, посета на плажа, прошетка во Ханиоти. Во вечерните часови е предвидена факултативна посета на Афитос. Афитос е познат по својата традиционална архитектура – камени куќи, тесни улички, рачно изработени детали и автентична грчка атмосфера. За разлика од комерцијалните туристички центри, тука се чувствува стара Грција. Слободно време за индивидуални активности и вечера. Враќање во хотел. Ноќевање.
ДЕН 3 – 25.05 (Понеделник)
- Ханиоти – Скопје
Појадок. Слободно време за индивдуални активности. Во договореното време со багажот се упатуваме кон Солун. Слободно време во Космос и Икеа. Тргнување кон Македонија во договореното време. Пристигнување во вечерните часови.
ПРОМО ЦЕНА: 109 ЕВРА
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 ЕВРА
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел Olympic Kosma 3* во двокреветни или трокреветни соби
- Организација на патувањето и пратител
- Попатна посета на Лидл
- Посета на Космос и Икеа
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Факултативна посета на Афитос – 10 евра
- Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5€ по лице по ноќевање
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
- За single соба се доплаќа дополнителни 3000 ден. од аранжманот
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето или валидна лична карта
- За влез во Р. Хрватска патниците мора да имаат валиден биометриски пасош со Северна Македонија
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел
| Дата Од | Дата До | Статус | Цена | |
|---|---|---|---|---|
| 23.05.2026 | 25.05.2026 | Активна | 6758 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |




Translate