ПУЛИЈА

АВИО

Програма

1
Ден 1 — 11 Април: Скопје → Бари → Бриндизи
    Полетување од Скопје и пристигнување во Бари. По пасошка контрола, следува трансфер до Бриндизи — пријатен приморски град со долгa историја и топла јужњачка енергија.

    Чекирање во хотелот.

    Ноќевање во Бриндизи.
2
Ден 2 — 12 Април: Алберобело и Локоротондо
    Целодневен излет посветен на најсликовитите места во регионот. Посета на **Алберобело**, градот на прочуените „трули“ куќички — уникатна архитектура под заштита на UNESCO. Продолжуваме кон Локоротондо, град познат по својата кружна форма, мирисот на вино и камените улички.

    Разглед со локален водич, време за кафе, прошетка и фотографии пред враќање во Бриндизи.Ноќевање.
3
Ден 3 — 13 Април: Лечче – „Фиренца на Југот“
    Полудневна посета на **Лечче**, еден од најубавите градови на јужна Италија. Пешачка тура низ старото јадро, познато по неговиот златен барок и грандиозни фасади.

    Посета на катедралата Santa Croce и главниот плоштад Piazza del Duomo. По завршување на турата – време за слободни активности, кафе или дегустација на локални специјалитети.

    Враќање во Бриндизи и вечерно слободно време.

    **Ноќевање.**
4
Ден 4 — 14 Април: Бриндизи → Бари → Скопје
    Појадок и слободно утро за прошетка покрај морето или последно италијанско еспресо.

    Трансфер до аеродром Бари и лет за Скопје.

    Пристигнување и крај на патувањето.

Во цената е вклучено:
  • Авионски билет Скопје – Бари – Скопје (Wizz Air) со вклучен рачен багаж 10кг
  • Аеродромски такси
  • Превоз аеродром – хотел – аеродром
  • 3 ноќевања во хотел во Бриндизи HOTEL ORIENTALE со појадок
  • Организација и придружник
Во цената не е вклучено:

– Факултативни излети ( пакет факултативи 179 евра )

- Trullo Sovrano во  Alberobello: €3.00 по лице (се плаќа на лице место)

- Туристичка такса 3€ по лице на вечер (се плаќа на лице место при чекирање во хотел)

НАПОМЕНИ:

–          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

–          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

–          Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

–          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 15 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

–          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 14 дена пред поаѓање

–          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето

–          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

–          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

За овој аранжман важат општите услови на патување на НАТА  и Идеал Травел

Дата Од Дата До Статус Цена  
11.04.2026 14.04.2026 Активна 27838 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН