БАРСЕЛОНА
АВИО
БАРСЕЛОНА - главниот град на Каталонија и едно од најпопуларните туристички места во Шпанија. Сместена на брегот на Средоземното Море, Барселона се гордее со богата историја, прекрасна архитектура и културен живот кој трае преку целата година. Клучните точки кои ја прават Барселона посебна се следниве: La Sagrada Familia – најпознатиот симбол на градот, дизајниран од славниот архитект Антонио Гауди. Park Güell, со својата уникатна архитектура и колоритни мозаици, е уште едно дело на Гауди, парк кој е сместен на височинка над Барселона од каде се пружа панорамски поглед на градот и морето. Познатата улица La Rambla и Готскиот кварт се историското срце на градот. Не смее да се заборави ни Музејот на Пикасо. Посета на Camp Nou го препорачуваме за љубителите на фудбалот. Барселона е град кој го спојува модерното со традиционалното, град кој нуди забава, уживање на плажа, а шопингот и ноќниот живот се оние две алки кои ја прават Барселона незаборавна.
Програма
1 ДЕН
- Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред времето на летот. Директен лет до Барселона со авиокомпанијата WIZZ AIR во 17:20ч. Пристигнување во 20:10ч. Организиран превоз со автобус до хотелот. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ДЕН
- Појадок. Прошетка по булеварот Passeig de Gràcia, каде се наоѓаат најпознатите светски брендови, како и бројни вили со автентична архитектура, меѓу кои Casa Milà, Majestic Hotel, Casa Batlló, Casa Amatller и Casa Lleó Morera. Продолжуваме кон градскиот плоштад Plaça Catalunya, каде се наоѓа статуата на Francesc Macià.
Прошетката продолжува низ Готскиот кварт на Барселона, со посета на Палатата на каталонската музика – ремек-дело на архитектот Lluís Domènech i Montaner. Разгледот завршува на плоштадот Plaça de la Seu, кај Катедралата на Света Еулалија. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ДЕН
- Појадок. Посета на Parc Güell, проектиран од архитектот Antoni Gaudí, и на базиликата Sagrada Família, симбол на градот. Потоа следува разглед на кулата Torre Glòries (поранешна кула Агбар) и на паркот Parc de la Ciutadella, каде се наоѓаат Castell dels Tres Dragons (Дворецот на трите змеја) и споменикот Cascada Monumental, како и Триумфалната капија во непосредна близина. Попладне, посета на плоштадот Plaça d’Espanya и ридот Montjuïc, каде се наоѓаат Олимпискиот стадион, Олимпискиот плоштад и Националниот музеј на уметност на Каталонија (MNAC). Разгледот продолжува до пристаништето со статуата на Кристофер Колумбо (Mirador de Colom), како и прошетка по познатата улица La Rambla, со посета на Palau Güell, дело на Antoni Gaudí, и прекрасниот Кралски плоштад Plaça Reial. Следува посета на марината Port Olímpic со двете највисоки кули Hotel Arts и Torre Mapfre, а потоа и посета на фудбалскиот стадион Camp Nou и музејот на стадионот (во зависност од достапноста). Ноќевање.
4 ДЕН
- Појадок. Слободен ден во Барселона за индивидуални активности. Поаѓање од Барселона во дополнително договорено време со авиокомпанијата WIZZ AIR во 20:55ч. Пристигнување во Скопје во 23:40ч.
ТЕРМИН: 02.05-05.05.2026
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 449 ЕВРА
Во цената е вклучено:
- Авио билет на релација Скопје-Барселона-Скопје со Wizzair
- Аеродромски такси
- Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3*.
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градот со автобус и пратител
- Претставник на македонски јазик
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Барселона
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влез во туристичките знаменитости и музеи
- Факултативни излети
- Останати трошоци кои не се спомнати
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
Напомена:
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
- Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
- Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел.




Translate