ПАРИЗ И ДИЗНИЛЕНД
АВИО
Распослан на бреговите од реката Сена, која го дели на два дела, овој преубав град, познат како “Град на светлината“ е политички, економски и културен центар на Француската држава. Тој е еден од најзначајните светски градови во кој имаат свое седиште бројни меѓународни организации. Поради својата историја долга два милениуми, Париз отсекогаш бил место на значајни историски случувања како и собиралиште на најпознати светски уметници. Големиот број на знаменитости и туристички атракции како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј и многу други ке го направат Вашиот престој во овој град музеј, незаборавен.
Програма
1 ДЕН
- Состанок на групата на аеродром во Скопје во 04.00 ч. Полетување за Париз во 06.00 ч .слетување во 09.05 ч. Организиран трансфер со автобус до Париз, со краток панорамски разглед на градот: Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Champs-Élysées – познатата авенија, Place de la Concorde – историски плоштад, и Tour Eiffel – Ајфелова кула, со можност за искачување (факултативно) или слободно време за фотографирање на Trocadéro. Сместување во хотел. Слободно време за вечера ( факултативно). Ноќевање.
2 ДЕН
- Појадок. Организиран панорамски разглед на Париз со автобус. Посета на: Hôtel des Invalides – домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, Place Vendôme – престижен плоштад со историско значење, Opéra Garnier – позната оперска куќа, Musée du Parfum Fragonard – музеј на парфеми, Galeries Lafayette – познато шопинг место, и Musée du Louvre – светски познат музеј со можност за влез (факултативно) или слободно време за прошетка околу палатата и Jardin des Tuileries - историска француска градина со фонтани, статуи и шеталишта. Прошетка со брод по реката Сена (Факултативно). Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
3 ДЕН
- Појадок. Организирана целодневна посета на забавниот парк Дизниленд со автобус. Влезницата вклучува 2 паркови и е вклучена во цената на аранжманот. Враќање во хотел во дополнително договорено време. Ноќевање.
4 ДЕН
- Појадок. Трансфер од хотел до аеродром.
Полетување во 09:55ч од Париз, слетување во Скопје во 12:40 ч
ТЕРМИН: 18.04-21.04.2026
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 599 ЕВРА
Во цената е вклучено:
- Авио билет на релација Скопје – Париз - Скопје со Wizzair
- Аеродромски такси
- Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организиран панорамски разглед на градот со автобус
- Еднодневна посета на 2 паркови во Дизниленд
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз
- Туристичка такса
Во цената не е вклучено:
- Влезница за Лувр 38 € само влезница (за деца до 10 години е 18 €)
- Влезница за брод по Сена 18€ (за деца до 10 години е 10 €)
Напомени:
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
- Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
- Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел




Translate