ТРСТ И ЉУБЉАНА
АВИО
ТРСТ
Елегантен јадрански град со Piazza Unità d’Italia и замокот Мирамаре. Уникатна мешавина од италијанска и австриска култура, познат и по своето кафе. Град кој плени со романтика и погледи кон морето.
ЉУБЉАНА
Главниот град на Словенија плени со Змејовиот мост, шармантните улици и средновековната тврдина над реката Љубљаница. Град со космополитски дух и богата историја.
РИЈЕКА
Најголемото пристаниште во Хрватска, познато по Корзо и старите театри. Впечатлив град со културна традиција и жива атмосфера на Јадранот.
Програма
1
1 ДЕН
- Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред време за лет. Полетување за Љубљана во 11:40 часот, слетување во 13:10 часот. Организиран трансфер со автобус и панорамски разглед на градот: Ljubljana Castle – средновековен замок со панорамски поглед, Dragon Bridge – симболичен мост со змејеви скулптури, Prešeren Square – главниот плоштад, пешачката зона и историските улици. Факултативно: влез во замокот Љубљана. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
2
2 ДЕН
- Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Блед (приближно 1 час). Слободно време за прошетки или факултативна пловидба со бродче до островчето во езерото. Попладне поаѓање кон Ријека (околу 2,5 часа). Панорамски разглед на градот: Korzo, City Tower, Old Theater. Слободно време за вечера (факултативно). Сместување во хотел. Ноќевање.
3
3 ДЕН
- Појадок. Организирано поаѓање кон Пула (околу 1 час и 30 минути). Панорамски разглед: Roman Arena, Pula Forum, Temple of Augustus, Ancient Port. Факултативно: влез во Roman Arena и Temple of Augustus. Попладне поаѓање за Трст (околу 2 часа). Разглед на градот: Piazza Unità d’Italia, Roman Theater, Miramare Castle, Grand Canal. Факултативно: влез во Miramare Castle или Roman Theater. Сместување во хотел. Ноќевање.
4
4 ДЕН
- Трансфер до аеродромот во Љубљана. Полетување во 08:35 часот, пристигнување во Скопје во 10:05 часот.
ТЕРМИН: 19.03-23.03.2026
ЦЕНА: 389 ЕВРА ПО ЛИЦЕ
Во цената е вклучено:
- Авио билет на релација Скопје-Љубљана-Скопје со Wizz Air Аеродромски такси
- Бесплатен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
- Туристичка такса
Во цената не е вклучено:
- Сè што не е наведено во програмата
- Влезница за во објектите и културно-историски споменици
- Предлагаме по 1 еур од возрасен на ден за пратителот на група
Напомени:
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
- Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
- Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел




Translate