ПОРТО, ЛИСАБОН И МАДРИД

АВИО

Програма

1
1 ден
    Директен лет Скопje - Мадрид.Собир на групата 2 часа пред време за лет на аеродром. Поаѓање од Скопje во 16:45часот. Пристигнување во Мадрид во 20:40 часот. Поаѓање за Порто. Патувањето трае околу 6 часа со кратки паузи по патот. Пристигнување во Порто. Сместување и ноќевање во хотел.
2
2 ден
    Појадок во хотел и слободно претпладне. Попладне, разглед на главните споменици на Порто: Ribeira и Bolhão – историски населби, Sé do Porto – катедралата на Порто, Palácio da Bolsa – палатата Болса, Livraria Lello – позната книжарница, Igreja de São Francisco – црквата Свети Франциск, Dom Luís I Bridge – мостот Дом Луис I и Cais da Ribeira – главното пристаниште.Ноќевање во хотел.
3
3 ден
    Појадок во хотел. Посета на Praça Marquês de Pombal – централен плоштад посветен на обновителот на градот по земјотресот, и Avenida da Liberdade – главна авенија со луксузни продавници и хотели. Продолжување кон Praça dos Restauradores, плоштад кој ја симболизира независноста на Португалија, и Praça do Rossio, едно од најживописните места во историското јадро. Посета на Praça do Comércio, монументален плоштад покрај реката, и прошетка по пешачката улица Rua Augusta, срцето на трговскиот и туристичкиот дел на градот. Прошетка низ квартот Baixa, познат по својата уредена мрежа од улици и неокласична архитектура. Поглед кон Elevador de Santa Justa (однадвор) – историски лифт кој ги поврзува долниот и горниот дел на градот. Продолжување кон квартот Alfama, најстариот дел на Лисабон, со посета на видиковецот Miradouro da Graça или Miradouro de Santa Luzia, од каде се отвора прекрасен поглед кон градот и реката Rio Tejo. Факултативно: можност за искачување со Elevador de Santa Justa и уживање во панорамскиот поглед. Посета на главните знаменитости на Лисабон, како што се: Torre de Belém - симбол на големите поморски откритија, Padrão dos Descobrimentos – споменик посветен на португалските морепловци, Mosteiro dos Jerónimos – импресивен манастир под заштита на УНЕСКО. Панорамски разглед на Bairro Alto – боемски кварт познат по ноќниот живот, Sé de Lisboa – катедралата на градот, Estádio da Luz – стадион на фудбалскиот клуб Бенфика, Castelo de São Jorge – средновековен замок со панорамски поглед, Ponte 25 de Abril и Ponte Vasco da Gama – двата најпознати моста на реката, како и Oceanário de Lisboa – еден од најголемите аквариуми во Европа.Пријавување и ноќевање во хотелот.
4
4 ден
    Појадок во хотел. Поаѓање кон областа Белем – историски кварт поврзан со ерата на големите поморски откритија. Посета на Mosteiro dos Jerónimos (однадвор) – ремек-дело на мануелинската архитектура и објект под заштита на УНЕСКО, Torre de Belém (однадвор) – одбранбена кула и симбол на Лисабон, како и Padrão dos Descobrimentos (однадвор) – монумент посветен на португалските морепловци и нивните патувања. Факултативно: влез во Mosteiro dos Jerónimos, Torre de Belém и Padrão dos Descobrimentos. Продолжување со трансфер до Parque das Nações – современа и модерна зона на Лисабон, изградена за светската изложба Expo ’98. Факултативно: посета на Oceanário de Lisboa – еден од најголемите и најимпресивни аквариуми во Европа. Слободно време за прошетка по шеталиштето покрај реката Rio Tejo или за шопинг во трговскиот центар Centro Comercial Vasco da Gama.Враќање и ноќевање во хотелот.
5
5 ден
    Појадок во хотелот. Рано заминување за Мадрид. Патувањето трае околу 7 часа со кратки паузи по патот. Пристигнување во Madrid (Мадрид). Следува разглед на главните знаменитости на градот. Посета на Plaza de Toros de Las Ventas – една од најпознатите арени за борба со бикови во светот, Parque del Retiro – најголемиот и најпознатиот градски парк, како и познатите булевари Gran Vía – центар на шопинг и забава, и Paseo de la Castellana – главна сообраќајна и деловна артерија на градот.Продолжување кон Plaza de España – еден од најзначајните плоштади во Мадрид, Puerta del Sol – географското и симболично срце на Шпанија, и Puerta de Alcalá – монументална триумфална порта од 18 век. Посета на Plaza de Oriente – елегантен плоштад во близина на Кралската палата, Plaza Mayor – историски плоштад опкружен со традиционални градби, како и Teatro Real (Plaza de la Ópera) – главната оперска куќа на градот. Панорамски се поминува покрај Calle de Ramales, Calle del Sacramento и Plaza de Colón – модерен плоштад посветен на Кристофор Колумбо. Сместување во хотел. Ноќевање.
6
6 ден
    Појадок во хотелот. Посетата продолжува до Кралската палата, изградена во стар арапски замок, а потоа во класичен, италијански стил. Кралската палата е една од најдобро зачуваните палати во Европа и богата со теписи, часовници и скапоцени предмети. Посетата завршува со слободно време во близина на стадионот Сантијаго Бернабеу. Поаѓање до аеродромот во Мадрид. Директен лет Мадрид - Скопје. Поаѓање од Мадрид во 20:45 часот. Пристигнување во Скопјe во 00.15 часот.

ТЕРМИН: 01.04-06.04.2026 
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 599 ЕВРА

 

Во цената е вклучено:
• Авионска карта на релација Скопје – Мадрид - Скопје со Wizzair
• Аеродромски такси
• Бесплатен багаж 40 x 30 x 20 cm 
• 5 ноќевања со појадок , 2 ноќи Порто и Лисабон и 1 ноќ во Мадрид.
• Цена и расположливост за еднокреветна соба е на барање.
• Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно 
• Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус и пратител на македонски јазик.
• Претставник на македонски јазик
• Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој


Во цената не е вклучено:
• Патничко осигурување
• Индивидуални трошоци
• Влез во туристичките знаменитости и музеи
• Факултативни излети
• Останати трошоци кои не се спомнати 
• Се препорачува на придружникот од агенцијата да му се даде бакшиж не помалку од 1 еур на ден од возрасно лице.

Напомени:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
  • Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
  • Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел