Матарушка бања – Хотел Термал 3+*
ВОДИЦИ
МАТАРУШКА БАЊА – ИЗВОР НА НОВИОТ ЖИВОТ
Матарушка Бања се наоѓа во централниот дел на Србија, на десниот брег на реката Ибар, на 8 км од Краљево и 170 км од Белград. Се наоѓа во југозападниот дел од пространата Краљевачка котлина на 211 м надморска височина. Од југ и исток е опкружена со ограноците на планината Столови 1375 м, а од запад и југозапад со ограноците на Троглав 1177 м и Чемерна 1579 м, кои се спуштаат речиси до самата Бања. Овие блиски планински ограноци ја штитат Бањата од силни ветрови, особено од Кошава. Умерената континентална клима, реката Ибар и пространиот парк нудат извонредни можности за здравствен и спортско-рекреативен туризам.
Минералната вода на овој локалитет е откриена сосема случајно, по големата поплава од јуни 1897 година, која во овој регион се памети како „Тројните поплави“. Кога водата се повлекла и Ибар донекаде го променил својот тек, во една од клисурите на напуштеното корито на Ибар била пронајдена „топла, смрдлива вода“. Оваа вода спаѓа во категоријата на натриум, магнезиум, хидрокарбонатна и сулфурна хипертермија. Содржи значителни количини на водород сулфид, 16 mg, со температура од 46º
ПРОМО ЦЕНА ДО ПОПОЛНУВАЊЕ НА ОДРЕДЕН КАПАЦИТЕТ – 149€ + ДОПОЛНИТЕЛНО ГРАТИС РЕЛАКС МАСАЖА
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 179 €
Програма
1.Ден 17.01.2026 САБОТА – СКОПЈЕ – МАТАРУШКА БАЊА
- Состанок на групата рано наутро во 05.00 часот на паркингот кај Борис Трајковски салата (кај пералните). Поаѓање за Србија во 05.30 часот. Патувањето ќе се реализира преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Матарушка Бања околу пладне, сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес на хотелот,и истражување на околината и уживање во преубавиот поглед кон реката Ибар. Вечера. Ноќевање.
2.Ден 18.01.2026 НЕДЕЛА – МАТАРУШКА БАЊА – КРАЉЕВО – МАТАРУШКА БАЊА
- Појадок.Можност за факултативна посета на градот Краљево.Полудневен излет посета на Васин Конак,Плоштад на Српките Воини.хотел Париз,течението на реката Ибар.Слободно време за прошетки и уживање во некој од прекрасните локали сместени на самиот плоштад Враќање назад во хотелот. Ручек. Слободно време за индивидуални активности, релаксација и уживање во Спа услугите .Вечера Ноќевање.
3.Ден 19.01.2026 ПОНЕДЕЛНИК – МАТАРУШКА БАЊА – МАНАСТИР ЖИЧА- СКОПЈЕ
- Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило Посета на манастирот Жича. Манастирот со потекло од првата половина на 13от век, познат е по тоа што тука бил крунисан тогашниот прв крал на Србија, Стефан Немања, братот на Свети Сава. Внатрешноста на црквата е облагородена со фрески кои водат потекло од раниот 13ти век и припаѓаат на т.н. Златно доба на српското сликарство. Манастирот заради своето особено значење денес е заштитен како споменик на културата на Србија.По договорено време поаѓаме за Македонија. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Сместување во Хотел Термал (реновиран) 3* во еднокреветни, двокреветни, трокреветни соби (бањарки, пешкири, фен, ТВ, тераса, интернет) на база 2 ноќевања на ПОЛН ПАНСИОН
- Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Користење на рекреативниот затворен базен со температура на водата до 28 степени, користење на Спа услугите(Тепидариум,Парна Бања(,масажа со доплата)
- Посета на манастирот Жича
- Туристичка такса
- Организација и реализација со туристички придружник
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Задолжително патничко осигурување
- Факултативна посета на градот Краљево- 10€ (доплата на лице место)
- Трансфер – Прилеп , Битола и Штип – 15€ – доплата во агенција
Попусти и доплати:
- Дете до 4 год. во придружба на 2 возрасни (дели легло) бесплатно во хотел плаќа само превоз – 40€ / 480ден
- Дете 4-10 год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) – плаќа 50% – 75€ / 4,650 мкд
- Трет возрасен плаќа полна сума (на барање)
- Доплата за еднокреветна соба 30€ / 860ден (на барање)
- Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€ / 620ден (мин. 2 седишта)
- Доплата за дополнително седиште во автобус -50€ / 100 ден
НАПОМЕНИ:
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 14 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош или валидна лична карта
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на ИДЕАЛ ТРАВЕЛ




Translate