МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-ЏЕНОВА-СИРМИОНЕ

НОВА ГОДИНА

Програма

1
Прв ден – 28.12.2025 СКОПЈЕ -МИЛАНО
    Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин (Дрводекор) во 11:30,поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.
2
Втор ден 29.12.2025 МИЛАНО
    Пристигнување во Милано во утринските часови. Следува факултативен разглед на Милано: Sforcesco Cаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо - катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот.По разгледот сместување во хотел. Во вечерните часови слободно време за инфивидуални активности. Ноќевање.
3
Трет ден – 30.12.2025 МИЛАНО - ЏЕНОВА - МИЛАНО
    Појадок. Предлагаме излет до Џенова. Вечната соперничка на Венеција за превласт над Средоземното море. По пристигнувањето следи прошетка низ стариот дел на градот ( под заштита на УНЕСКО) - Palazzo Reale, Piazza de Ferrari, Porto Antico, aquarium, Torre della Lanterna. По разгледот на градот, слободно индивидуално време. Во договорено време посета на аутлетот Serravalle и слободно време за шопинг. Потоа тргнување кон Милано. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
4
Четврт ден – 31.12.2025 (недела) МИЛАНО - ЛУГАНО-КОМО -МИЛАНО
    Појадок. Факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано - градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Во договорено време враќање во Милано. Организиран превоз до центарот на Милано за дочек на Новата Година на плоштад. Во договореното време тргнување назад кон хотел. Ноќевање.
5
Петти ден - 01.01.2026 (понеделник) МИЛАНО-СИРМИОНЕ-СКОПЈЕ
    Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот Сирмионе. Живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија… Пристигнување во Скопје во пладневните часови на 02.01.2026

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 239еврасо задолжителна резервација на пакет на факултативи од 100 евра по лице

РЕДОВНА ЦЕНА: 279 евра

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз на наведената релација
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3*
во Милано (околина на Милано)
- Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес
- Организација на аранжманот 


 Во цената на аранжманот не е вклучено:

- Разглед на Милано (15)
- Факултативна посета Џенова (35€)
- Посета на Лугано и Комо (50€)
Посета на Сирмионе (10) ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА
- Крстарење по езеротоКомо (20€) – оваа факултатива не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо, истото се договара на лице место со локалните
- Задолжителна доплата за туристичка такса 5€ по лице по ноќевање
- Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА:

-          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

-          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

-          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето

-           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

-          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-          Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел           

Дата Од Дата До Статус Цена  
28.12.2025 01.01.2026 Активна 14818 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН