ПАРИЗ

АВИО

Програма

1
1 ден
    Состанок на групата на аеродром во Скопје два часа пред лет. Полетување за Париз во 12:10 часот. Слетување во 15:10 часот. Организиран трансфер со автобус до градот со вклучен краток панорамски разглед на: Arc de Triomphe – Триумфалната капија, Place de la Concorde – историски плоштад, Avenue des Champs-Élysées – познатата париска авенија, Assemblée Nationale – Француското национално собрание, Les Invalides и Tombeau de Napoléon – комплексот каде се наоѓа гробот на Наполеон, Jardin des Tuileries – историска градина со фонтани и скулптури. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
2
2 ден
    Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон новиот дел на Париз – La Défense. Слободно време за прошетки, разгледување и шопинг или (факултативно) екскурзија до Версај. Потоа се продолжува кон Ајфеловата кула. Краток одмор за фотографирање на Trocadéro. Слободно време за посета на Ајфеловата кула. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
3
3 ден
    Појадок. Организирано поаѓање кон Латинскиот кварт. Се посетуваат: Panthéon – Пантеон (однадвор), Jardin du Luxembourg – Луксембуршките градини, Cathédrale Notre-Dame – катедралата Нотр Дам (однадвор).

    Потоа следи посета на: Place de la Bastille – плоштадот Бастиља и Opéra Garnier – Операта Гарние. Разгледот продолжува кон Монмартр: Basilique du Sacré-Cœur – базиликата „Свето Срце“ (однадвор) и Place du Tertre – плоштадот на уметниците. Разгледот завршува со кратка посета на Moulin Rouge – Мулен Руж и слободно време за фотографирање. Факултативно: посета на Musée du Louvre – музејот Лувр. Навечер: крстарење со брод по реката Сена. Враќање во хотел.
4
4 ден
    Појадок. Појадок. Поаѓање кон Големите булевари „Хосман“. Слободно време за шопинг и прошетки во околината на Galeries Lafayette – Галерија Лафајет и Musée du Parfum Fragonard – музејот за парфеми „Фрагонар“. Поаѓање од Париз во 12:00 часот. Полетување во 15:45 часот од Париз и слетување во Скопје во 18:30 часот.

ТЕРМИН: 30.05-02.06.2026 
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 429 ЕВРА


Во цената е вклучено:

  • Авио билет на релација Скопје-Париз Wizzair
  • Аеродромски такси
  • Бесплатен рачен багаж 40x30x20 cm
  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* од ланецот на IBIS
  • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
  • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
  • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Париз Туристичка такса Не е вклучено

Во цената не е вклучено:

  • Влезница за Лувр 38 € , за деца до 10 години 18 €
  • Влезница за брод по Сена 18 еур (за деца до 10 години 10 €)
  • Патувањето до Версај чини 15 € ( за деца до 10 години 7 €)
  • Влезница за дворецот Версај и градините 35 € (за деца до 10 години 20 €)
  • Сите резервации за екскурзиите се закажуваат при резервација на аранжманот.

Напомена: 

  • Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
  • Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
  • За резервација задолжителна уплата од 100%
  • Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
  • Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
  • Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
  • Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
  • Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел.