МАЛТА
АВИО
Малта е мала, густо населена островска земја во Средоземното Море. Архипелагот го сочинуваат трите острови - Малта, Гозо и Комино - кои заедно зафаќаат површина од околу 316 km².
Географски припаѓа на Африка, но политички е дел од Европа. Главен град е Валета. Малтешките острови се музеј на отворено, со 7000 години историја во која траги оставиле Феникијците, Римјаните, Арапите, Малтешките витези и Британците, чии обележја можат да се видат и денес.
За љубителите на уметноста, Малта нуди бројни музеи и галерии, а за спортистите – многубројни спортови на вода. Покрај тоа, на овој медитерански остров се ужива и во гастрономијата, природните убавини, шопингот, плажите и вечерните прошетки по градските шеталишта.
Програма
1 ден
- Состанок на групата на аеродром во Скопје 2 часа пред време за лет. Полетување за Малта во 19:45 ч., слетување во 21.35 ч. Организиран трансфер со автобус. Сместување во хотел. Ноќевање.
2 ден
- Појадок. Организиран разглед на Валета со локален претставник. Разгледот опфаќа Upper Barrakka Gardens – градини со панорамски поглед на пристаништето, Republic Square – главниот плоштад на градот, Fort St. Elmo – историска тврдина од 16. век, и St. John’s Co-Cathedral – барокна катедрала со богата уметничка декорација. Факултативно: влез во Fort St. Elmo и St. John’s Co-Cathedral. Слободно време за индивидуален разглед и ручек. Потоа поаѓање кон Birgu (Vittoriosa), со кратка пауза за разглед на Fort St. Angelo – средновековна тврдина на пристаништето, Inquisitor’s Palace – историски дворец на инквизиторот, St. Lawrence Church – значајна црква со богат ентериер, Malta Maritime Museum – музеј за морската историја, како и прошетка низ средновековните улици и пристаништето на градот. Влезниците за објектите се со доплата, по желба на посетителите. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.
3 ден
- Појадок. Поаѓање за Рабат и Мдина. Разглед на значајни знаменитости: Mdina Gate – главната порта на средновековниот град, средновековните улици на Мдина, St. Paul’s Cathedral – катедралата на Св. Павле, главната катедрала на градот, Bastions – тврдини со панорамски поглед, и Palazzo Falson – историски дворец. Доплатата за влезници во објектите е по желба на посетителите. Може да се посети: Catacombs of St Paul (катакомбите на Св. Павле) во Рабат, St. Paul’s Cathedral and Museum (катедралата и музејот на Св. Павле) во Мдина, и Palazzo Falson во Мдина. Во попладневните часови, посета на Моста, вклучувајќи ја Rotunda of Mosta (Church of the Assumption of Mary) – црква позната по својата купола. Разгледот продолжува со посета на Blue Grotto – природна морска пештера со тиркизна вода. По желба и доколку има доволно време, можност за пловидба со брод низ пештерата. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
- Појадок. Поаѓање за Марсашлок и Слиема, со прошетка по шеталиштето и разглед на живописното рибарско место со многу бротчиња. Разгледот продолжува со посета на St. Julian’s, каде што се вклучуваат: Paceville – познато туристичко и забавно соседство, Spinola Bay – живописна заливска област, Portomaso Marina – модерно пристаниште со ресторани и кафулиња, Spinola Palace – историски дворец, Balluta Bay – залив со шеталиште и плажа, и Balluta Church – црква во непосредна близина на заливот. Попладнето слободно време за шопинг. Организиран превоз до аеродромот, полетување од Малта во 22:10 ч, слетување во Скопје во 23:55 ч.
ТЕРМИН: 13.02-16.02.2026
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 379 ЕВРА
Во цената е вклучено:
- Авионска карта на релација Скопје-Малта-Скопје со Wizz Air
- Аеродромски такси
- Бесплатен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
- Организација на патувањето и претставник на агенцијата за целиот престој
- Туристичка такса
Во цената не е вклучено:
- Сѐ што не е наведено во програмата
- Влезниците за во објектите
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
Напомена:
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
- Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
- Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел




Translate