ЈУЖНА ИТАЛИЈА - АПУЛИЈА И МАТЕРА
АВИО
АЛБЕРОБЕЛО – На 40 километри од Бари се наоѓа ова градче во областа Апулија, изградено во стилот на традиционалната медитеранска градба, без гипс, од сув камен, стара неколку илјади години. Ѕидовите на куќите се бели, а покривите се куполи и често имаат шила (пинаколи) на врвовите.
Шилците се разликуваат по форма, што било еден вид потпис на нивните градители. Исто така, на некои покриви со бела боја се исцртани разни симболи, како крст или злобно око - некои христијански, некои пагански, меѓутоа, нивната улога е само да ја задоволат љубопитноста на посетителите.
Програма
1
1 ден
- Состанок на групата на аеродром во Скопје, 2 часа пред летот. Директен лет до Бари со авиокомпанијата Wizz Air во 16:45 ч. и пристигнување во 17:55 ч. Организиран превоз со автобус, до Алберобело и се посетуваат традиционалните куќи trulli. Патувањето продолжува кон Polignano a Mare со кратка посета. Пристигнување и сместување во хотел во Бриндизи. Ноќевање.
2
2 ден
- Појадок. Кратка посета на Монополи со прошетка низ стариот дел на градот, замокот Carlo V – средновековна тврдина, и главната катедрала Monopoli. Потоа организиран разглед на Бриндизи со посета на Colonne Terminali – остатоци од римскиот плоштад, Castello Aragonese – средновековна тврдина, Chiesa di Santa Maria и San Giovanni – историски цркви. Продолжуваме кон Лече со посета на Basilica di Santa Croce – барокна катедрала, црквата на Св. Марија, Piazza del Duomo – главниот плоштад, статуата на Sant'Oronzo, Porta Napoli – историска градска порта, замокот и амфитеатарот. Следува посета на Отранто со Castello Aragonese – средновековна тврдина, а потоа кратка прошетка во Галиполи. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.
3
3 ден
- Појадок. Поаѓање кон Taranto со разглед на Castello Aragonese – средновековна тврдина, Taranto Cathedral – катедрала, Ponte Girevole – ротационен мост, Lungomare – шеталиште покрај морето, Rotonda и Borgo Antico – стар град. Потоа продолжуваме кон Матера со посета на Sassi di Matera – древни пештерски населби издлабени во карпи, катедралата Matera и црквите издлабени во карпи. Следува посета на Алтамура со Piazza Duomo – главниот плоштад и катедралата на градот. Пристигнување и сместување во хотел. Ноќевање.
4
4 ден
- Појадок. Поаѓање за Барлета со посета на главната катедрала, Santa Maria Maggiore – историска црква, Basilica di Santa Sepolcro и Svevo Barletta Castle – средновековна тврдина. Потоа следува посета на Трани со Trani Castle – средновековна тврдина и Basilica di San Nicola Pellegrino. Патувањето завршува со разглед на Бари, каде се посетуваат San Sabino – катедрала, Basilica di San Nicola – позната црква посветена на Св. Никола, Castello Normanno-Svevo – средновековна тврдина, и Piazza Mercantile – историски плоштад. Трансфер до аеродром, полетување во 18:30 ч. и пристигнување во Скопје во 19:40 ч.
ДАТУМИ НА ПОАЃАЊА:
- 04.04-07.04.2026 - 369 ЕВРА
Во цената е вклучено:
- Авио билет на релација Скопје-Бари -Скопје со Wizzair
- Аеродромски такси
- Бесплатен со димензии 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок според програмата.
- Расположливост за еднокреветна соба е на барање.
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градотовите со автобус и пратител
- Претставник на македонски јазик
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој во Италија
Во цената не е вклучено:
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци
- Влез во туристичките знаменитости и музеи
- Факултативни излети
- Останати трошоци кои не се спомнати
- Се препорачува на водичот да му се даде напојница не помалку од 1 еур на ден од возрасно лице
Напомена:
- Оваа тура е типот на економски патувања, хотелите не се во централно градско порачје
- Во зависност од гужвата на патиштата, разгледувањата можат да претрпат промени во однос на времето и застанувањата при патувањето
Општи услови:
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
- Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
- Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел




Translate