EDELWEISS 3*
БОРОВЕЦ
Хотел Edelweiss е лоциран во стариот центар на Боровец, во близина на жичниците. Хотелот е идеален за авантуристички активности како зимско скијање, планинарење и сите други екстремни спортови кои се практикуваат на планината Рила.
Сите соби се реновирани и опремени со удобни кревети. Стандарден дел од опремата во собите се дигитална ТВ, мини-бар, када или туш кабина и телефон. Дополнително, интернет услуга е достапна во лобито.
На располагање на гостите се сеф на рецепција, фитнес, масажа и сауна, како и отворен паркинг.
Хотелот од зимата 2018 располага со современ систем за греење кој ги исполнува највисоките европски стандарди.
Пријатниот камин во барот на хотелот нуди топла атмосфера, а ресторанoт со капацитет до 150 лица нуди висококвалитетна кујна, локални специјалитети, домашни јадења, a la carte мени и богата винска листа. Хотелот организира и свечена програма за Божиќните и Новогодишните празници.
Хотел Edelweiss ги следи високите стандарди на HI Hotels Group!