PERELIK 5*
ПАМПОРОВО
Хотел Перелик 5* – Пампорово
Целосно реновиран во 2018/2019 година, хотелот Перелик е симбол на луксуз и удобност во срцето на Пампорово. Сместен е во центарот на одморалиштето, со брз и лесен пристап до сите главни ски-центри.
Сместување
Хотелот располага со 130 пространи и модерно уредени соби, создадени за максимален комфор на своите гости.
Spa & Wellness
Во 2019 година е отворен еден од најсовремените Spa & Wellness центри во регионот, кој нуди:
-
Различни релакс и терапевтски третмани
-
Современа фитнес сала
-
Најголемиот базен во Пампорово
Конгресен центар
Хотел Перелик се издвојува и со најмодерниот Конгресен Центар во одморалиштето, со 6 мултифункционални сали и вкупен капацитет од 1200 места, совршени за семинари, конференции и деловни настани.