АМСТЕРДАМ И БРИСЕЛ

АВИО

Програма

1
1 ден
    Состанок на групата на аеродромот во Скопје два часа пред време за лет. Полетување за Брисел во 06:00 ч., Слетување во 08:55 ч. Организиран трансфер со автобус и разглед на градот: Атомиум - иконскиот споменик на Брисел,, паркот Cinquantenaire, возење низ Европскиот кварт со кратко застанување кај Триумфалната порта и паркот, Европскиот парламент, Европската комисија, Кралската палата и Place Royal – централниот кралси плоштад. Потоа следува Mont des Arts - панорамски културен комплекс и градина, како и пешачки разглед на стариот дел на градот, разглед на Стариот град: Grand Place – главниот градски плоштад, Brussels City Hall и Guild Houses – историските еснафски куќи, посета на Manneken Pis – најпознатата скулптура во градот, како и Galeries Royales Saint-Hubert – покриена луксузна трговска галерија. Факултативно: влез во Атомиум. Сместување во хотел. Слободно време за вечера (факултативно).
2
2 ден
    Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Бриж. Целодневен разглед на градот: Minnewater Park и езерото Minnewater – познато како „Езерото на љубовта“, кратка прошетка низ Begijnhof (Beguinage) – историскиот бегински комплекс, разглед на градските бедеми и средновековните порти Kruispoort и Gentpoort, посета на старата ветерница, потоа Grote Markt – главниот плоштад со кулата Belfry of Bruges, како и Burg Square со Bruges City Hall (Stadhuis) и Basilica of the Holy Blood – една од најзначајните верски градби. Факултативно: искачување на кулата Belfry of Bruges или возење со бродче низ каналите. Сместување во хотел во близина на холандско-белгиската граница. Ноќевање.
3
3 ден
    Појадок. Организирано поаѓање со автобус кон Amsterdam и панорамски разглед на градот: Dam Square – централниот плоштад, Royal Palace Amsterdam, Nieuwe Kerk и National Monument. Потоа следува минување покрај Magere Brug (Skinny Bridge) – познатиот дрвен мост, и реката Amstel. Разгледот продолжува со надворешна посета на Rijksmuseum – националниот музеј, Van Gogh Museum и Concertgebouw – прочуената концертна сала. Пешачка тура низ Jordaan – една од најживописните населби, позната по шармантните канали, традиционалната архитектура, бутиците и локалните кафетерии. Факултативно: пловидба со бродче низ каналите или искачување на панорамскиот видиковец A’DAM Lookout. Сместување во хотел. Ноќевање.
4
4 ден
    Поаѓање кон Хаг и панорамски разглед: панорамски разглед на градот: Peace Palace – седиштето на Меѓународниот суд на правдата, Binnenhof – парламентарниот комплекс и Noordeinde Palace – работната кралска палата. Потоа продолжување кон Rotterdam, со можност да се видат Erasmus Bridge – еден од симболите на градот, Markthal – модерна покриена пазарна хала и Cube Houses (Kubuswoningen) – познатите куќи-коцки. Трансфер кон Eindhoven. Полетување во 16:10 ч., слетување во Скопје во 18:50 ч.

ТЕРМИН: 20.03-23.03.2026
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ: 489 ЕВРА 

Во цената се вклучени следниве услуги:
•Авионска карта на релација Скопје – Брисел – Ајндховен - Скопје со Wizz Air
•Аеродромски такси
•Бесплатен багаж 40x30x20 cm
•3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
•Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
•Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
•Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
•Туристичка такса

Во цената не се вклучени следниве услуги:
•Сѐ што не е наведено во програмата
•Влезница за во објектите и културно-историски споменици
•Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот 

 

Општи услови:
•Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
•За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
•Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
•За резервација задолжителна уплата од 100%
•Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
•Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
•Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
•Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
•Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
•За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел