ШТУТГАРТ И СТРАЗБУР
АВИО
Штутгарт - Скриен во живописните ридови на југозападна Германија, Штутгарт е жив град кој ги изненадува посетителите со својата единствена мешавина од модерна иновација, богата култура и природна убавина.
Стразбург – Сместен во срцето на Европа, Стразбур е град кој прекрасно го спојува францускиот шарм со германското влијание, создавајќи уникатно културно и архитектонско искуство. Како главен град на регионот Алзас и официјално седиште на Европскиот парламент
Програма
1
1 ден
- Состанок на групата на аеродромот во Скопје во 04:30 ч. Лет за Базел. Поаѓање од Скапје во 06.45 часот. Пристигнување во Базел во 09:10часот. Поаѓање за Баден Баден. Патувањето трае околу 2 часа. Посета на Баден-Баден, сместен на брегот на реката Ос, познат по своите римски термални бањи. Посети: Rathaus – Градско собрание, споменикот на Otto von Bismarck, Festspielhaus – најголемата оперска куќа во Германија, Stiftskirche – црква, и Fabergé Museum – музеј со околу 700 уметнички дела.Патувањето трае околу 2 часа. Кратки паузи за време на патувањето. Сместување и ноќевање во хотел. Ноќевање.
2
2 ден
- Појадок. Организирана посета на Штутгарт, каде што ги посетуваме: Altes Schloss – замокот Алтес Шлосе и седиштето на династијата Виртемберг, Schlossplatz – централниот плоштад со замокот Neues Schloss, Rathaus – градското собрание, Fernsehturm – телевизиската кула со висина од 216 м, Mercedes-Benz Museum и Wilhelma Zoo & Botanical Garden – зоолошка и ботаничка градина. Попладне, заминување за Карлсруе. Патувањето трае околу 1 час и 20 минути. Разглед на градот: Karlsruhe Palace – поранешна резиденција на војводите од Баден, Marktplatz – плоштад со старата пирамида, Rathaus – градското собрание со фонтаната и статуата на војводата Лудвиг, St. Stephan’s Church – католичка црква, и Place des Droits de l’Homme – Плоштадот на основните права. Вечерта, заминување за Стразбур. Патувањето трае 2 часа. Сместување и ноќевање во хотелот.
3
3 ден
- Појадок. Организирана посета на Стразбур, град на УНЕСКО, на бреговите на реката Рајна. Разглед на: Ponts Couverts – покриените мостови, Cathédrale Notre-Dame – катедралата Нотр Дам, имитација на катедралата Нотр Дам де Парис, Maison Kammerzell – трговска куќа од 15 век, Place Gutenberg – плоштадот Гутенберг, La Petite France – занаетчискиот кварт Мала Франција, најголемата џамија во Франција отворена во 2012 година, и European Court & Parliament – седиштето на Европскиот суд и Парламентот. Поаѓање кон Колмар (околу 1 час). Разглед на: Quartier de la Krutenau – познат како Мала Венеција покрај каналот Lauch, центарот на градот, Rathaus – градското собрание, Église Saint-Martin – црквата Свети Мартин, Старата воена стражарска куќа, куќата на Адолф од 1350 година и Maison des Têtes. Потоа поаѓање кон Милуз (околу 30 минути), со разглед на: Rathaus – градското собрание, Place de la Réunion – Плоштадот на берзата и Cité du Train – Музејот на возовите. Враќање во хотел. Ноќевање.
4
4 ден
- Појадок. Трансфер до аеродромот во Базел. Лет Базел - Скопje. Поаѓање во 09:45 часот. Пристигнување во 11:55 часот.
ТЕРМИН:01.10-04.10.2026
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 459 ЕВРА
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Авионска карта на релација Скопје – Базел со Wizz Air Аеродромски такси
- Рачен бесплатен багаж 40x30x20 cm
- 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* според програмата
- Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
- Организирани панорамски разгледи на градовите со автобус
- Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
- Туристичка такса
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Сѐ што не е наведено во програмата
- Влезница за во објектите и културно-историски споменици
- Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот
Напомени:
- Плаќањето е задолжително во денари (1€ = 62 ден)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од крајниот ден на патувањето
- Краен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата: 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 100%
- Можност за откажување на аранжманот 15 дена однапред, со задржување на 50% пенали
- Откажување помалку од 15 дена пред патување: 100% пенали
- Промена на име на патникот може да се направи 7 дена пред патување со доплата од 140 €
- Цените за влезници во објектите може да претрпат промена и не се загарантирани
- Редоследот на разгледувања во програмата може да се промени поради временски услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Идеал Травел




Translate