АНДАЛУЗИЈА
АВИОНСКИ ПАТУВАЊА
Програма
1 ден 22.10 Среда
- Состанок на групата на аеродром Скопје во 07:00 наутро. Полетување во 08:45.
Лет преку Истанбул. Слетување во Малага во 17:00. Трансфер од аеродром до хотел Hilton Malaga
Martiricos 4*. Check In во хотел и почеток на пешачка тура низ Малага со локален водич на англиски
јазик. Влез во Музејот на Пабло Пикасо и во Катедралата на Малага. Градот Малага дише во духот на
уметноста и шпанската естетика; Малага е родно место на светски познатиот уметник Пабло Пикасо,
актерот Антонио Бандерас, музичарот Пабло Алборан. Слободно време за уживање во овој
шармантен туристички бисер. Ноќевање во хотел.
2 ден 23.10 Четврток
- Појадок. Поаѓање за Севилја, возење околу 2 часа. Посета на Севилја со
локален водич, разгледување на најзначајните знаменитости: влез во Катедралата (за женските
туристки задолжително облека со покриени рамења). Посета и влез во Алказар – кралската палата од
XI век, каде се испреплетени уметноста и историјата, уникатни архитектонски стилови и егзотични
градини (сите посетители мора да приложат пасош при влез). Слободно време во Севилја, каде може
да се ужива во прошетка низ колоритната традиционална архитектура и дрвореди со портокали.
Враќање кон Малага. Ноќевање во хотел.
3 ден 24.10 Петок
- Појадок. Поаѓање за Ронда, возење околу 1 час и 30-тина минути. Разгледување
на Ронда со локален водич, посета на најпопуларното место за фотографирање во градот – Puente
Nuovo – вртоглаво високиот мост. Овде се наоѓа Пласа де Торос де Ронда = едно од најстарите места
за одржување на корида = борби со бикови во Шпанија. Градот изобилува со прекрасни глетки и
шармантни улички. Слободно време во градот и враќање кон Малага. Ноќевање во хотел.
4 ден 25.10 Сабота
- Појадок. Поаѓање кон Гранада, возење околу 1 час и 30-тина минути.
Разгледување на Гранада со локален водич и посета на палатата Алхамбра и градините
(обезбедување на влезници според време на пријавување и резервација на патувањето). Жителите
на Гранада велат: „Кој не ја видел Гранада, ништо не видел!“ Најголемиот сведок на исламската
архитектура во Европа, слика на дамнешни моќ и слава, со своите грандиозни црвени ѕидини
предизвикува восхит и стравопочит. “Калат ал хамбра“ – црвена тврдина = така ја нарекувале Маврите
оваа палата, чии внатрешни ѕидови делуваат како најпрецизно извезена декорација. “Како персиски
килими и кашмирски марами да се распоредени по ѕидовите, со шари во жестоки бои, односно како
виножито да паднало и се разлило по ѕидовите“ Самите градители на Алхамбра не се штеделе на
себепофалби: еден арапски натпис на ѕидовите вели: “Алах мене ме има наградено со такви убавини,
што и ѕвездите на небото занемуваат и ме набљудуваат“.
Слободно време според распоредот за влез во палатата. Враќање кон Малага. Ноќевање во хотел.
5 ден 26.10 Недела
- Појадок. Одјавување од хотел. Трансфер кон аеродром. Полетување во 12:05.
Лет преку Истанбул. Слетување во Скопје во 19:45
Редовна цена по лице: 1.149 евра
Early bird (за уплата до 31.08): 1.099 евра
Што е вклучено во цената:
Авионски повратен превоз со Turkish Airlines: Скопје – Истанбул – Малага
Вклучен рачен багаж + куфер
Трансфер аеродром – хотел во Малага – аеродром
Превоз и локален водич за време на разгледите
Сместување во хотел Hilton Malaga Martiricos 4* / 4 Ноќевања со појадок
Влезница во Музејот на Пикасо во Малага
Влезница во Катедралата во Малага
Влезница во Катедралата во Севилја
Влезница во Палатата Алказар во Севилја (задолжително со пасош)
Разглед на Малага, Севилја, Ронда и Гранада
Организација и придружник на патувањето
! Влезниците за Замокот Алхамбра се предмет на расположливост,
гарантирани влезници за прво уплатените клиенти! = “first come first served“
Не е вклучено:
Патничко здравствено осигурување
Лични трошоци