ИСТАНБУЛ 2НП

ВАЛЕНТАЈН

Програма

1
ПРВ ДЕН (13.02.2025) Четврток
    Поаѓање во 16:00 часот од Скопје Дрводекор. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три дена. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедноста при патувањето. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање, во врска со точното време и место на поаѓање.
2
ВТОР ДЕН (14.02.2025) Петок
    Пристигнување на групта во Истанбул, Групата се упатува кон хотелот. Туристичкиот придружник е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Check in во хотелот е после 14:00 час.По самото пристигнување патниците добиваат слободно време за прошетка до Капали Чаршија, Сината Џамијиа, Света (Аја) Софија, Плоштадот Султанахмет и Топ Капи каде заедно со водичот ќе бидат одведени до влезот, а враќањето кон хотелот е индивидуално бидејќи се наоѓаат на 20 минути пеш од хотелите, секој би сакал да има слободно време и приватност при пазарувањето и разглед во чаршијата. До еден од главните влезови во чаршијата се стигнува преку плоштадот Бајазит, на кој се наоѓа Истанбулскиот универзитет и џамијата Света (Аја ) Софија. Невозможно е да поминете низ овој град без да влезете во оваа светски позната византиска градба од 6-тиот век. Влегувањето во оваа џамија е иднивидуално бидејќи секојдневно доаѓаат илјадници посетители и редиците за влез во истата се преголеми, се чека по неколку часа. Станува збор за најголемата црква во светот која претрпела неколку трансформации-од црква во џамија, од џамија во музеј, па повторно во џамија која сè уште ја красат христијански елементи. Во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Местото кое е најпознато по својот специјалитет – компир. (препорака) Слободно време за сликање и прошетка. Потоа во договорено време се упатуваме на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани. Слободно време за прошетка и уживање. Во вечерните часови враќање во хотел и подготување за четиричасовно вечерно крстарење по Босфор со свечена вечера и музика по повод Свети Трифун и Свети Валентин. Враќање во хотел. Ноќевање
3
ТРЕТ ДЕН (15.02.2025) Сабота
    По појадокот во хотелот групата се упатува на целодневна екскурзија и се посетува следното: Фенер Балат. Балат важи за една од Христијанските населби во Истанбул каде што може да се сретнат многу цркви, меѓу кои и Железната црква која е донација и е изградена од вештите раце Македонски мајстори, кадешто е закопан Партеније Зоографски. Додека сме во Балат се посетува Христијанската Патријаршија, кадешто ќе може да влезете индивидуално. По посетата групата има слободно време околу час и половина за прошетка по уникатните историски шарени улички, имате можност да ги доловите моментите каде се снимаат Турските серии и да се напиете Турско кафе, варено на песок.
    Крстарење по Босфор
    Ви нудиме 90 минути крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул. Сите луксузни вили кои вредат милиони од познатите серии, Босфорскиот мост под кој може да фрлите паричка и замислите желба како и знаменитостите одблизу за кои ќе ја слушнете историјата од нашиот водич, сето ова може да го доживеете. Не сонувате. Локалниот водич ке се погрижи ова крстарење да го доживеете на вистински начин
    Кадикој (Азиски дел)
    Потоа следи посета на Азија, што би вредело доаѓањето во Истанбул доколку не појдете да го видите и другиот континент каде што се простира овој град. Се посетува населбата Кадикој која е центарот на Азија, тоа што е Таксим во Европа, Кадикој е во Азија. Продавнички, ресторани, кафулиња... сокачиња во кои би се заљубиле во првиот момент откако ќе пристигнете таму. Слободно време за вечера и уживање во најмонденското место во азиски Истанбул. Во договореното време враќање во хотелот. Ноќевање.
4
ЧЕТВРТИ ДЕН (16.02.2025) Недела
    Појадок. По појадокот, спакувани, одјавени се упатуваме кон шопинг центарот Форум Истанбул. Слободно време (отприлика 3часа) за шопинг, ручек и во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови на 17.02.2025 (Понеделник).

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 ЕВРА

Понудата вклучува:

  • - 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Аксарај
  • - Автобуски превоз
  • - Пешачка тура низ стариот дел на Истанбул - населбата Аксарај
  • - Посета на трговскиот центар Форум
  • - туристички пратител за време на патувањето
  • - бесплатен трансфер од Куманово, Велес, Неготино, Гевгелија

Понудата не вклучува:

  • - Патничко осигурување
  • - трансфер Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) – 10 евра по лице
  • - трансфер Гостивар и тетово – 10 евра по лице
  • - Индивидуални трошоци
  • - Факултативни излети:
  • - Населбата Ортакој и Таксим - 20 евра
  • - Населбата Балат – 10 евра
  • - Крстарење на Босфор - 20 евра
  • - Посета на Азија – 20 евра
  • - Вечера на брод - (цена наскоро)

 НАПОМЕНИ:

-          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

-          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-          Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

-          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

-          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето

-           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

-          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

-          За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел           

Дата Од Дата До Статус Цена  
13.02.2025 16.02.2025 Активна 6138 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН