МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-СИРМИОНЕ
8 ДЕКЕМВРИ
Во предновогодишниот период, Милано се претвора во вистинска зимска бајка! Улиците и плоштадите блескаат во празнични светилки, излозите се украсени во божиќен дух, а градот е исполнет со мирис на празнични специјалитети и топла атмосфера.
Посетете ги познатите божиќни маркети, уживајте во празничните штандови со ракотворби, слатки и традиционални италијански деликатеси, а воедно откријте ги најубавите знаменитости на Милано – величествениот Дуомо, елегантната Галерија Виторио Емануеле II и шармантните улици на центарот.
Милано во Декември е совршена комбинација од италијанска елеганција, шопинг, култура и божиќна атмосфера – доживување кое вреди да се почувствува!
Програма
1 ден петок (04.12.2026) - СКОПЈЕ-МИЛАНО
- Состанок на групата на Дрводекор во 11:30,
поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување преку Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.
2 ден сабота (05.12.2026) МИЛАНО
- Пристигнување во Милано во утринските часови. Следува факултативен разглед на Милано со лиценциран водич: SforcescoCаstle, Piаzza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот Дуомо – катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи. Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci, Prada, Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера, една од најпознатите оперски куќи во светот. По разгледот, сместување во хотел. Слободно време. Ноќевање.
3 ден недела (06.12.2026) МИЛАНО-ЛУГАНО-КОМО-МИЛАНО
- Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано – градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza dellaReforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија. Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа. Посета на Комо, посетана мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Дококу дозволат временските услови, можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн. Во договорено време враќање во Милано. Слободно индивидуално време. Ноќевање.
4 ден понеделник (07.12.2026)
- Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот Сирмионе (задолжителна екскурзија). Живописниот град Сирмионе, кој на необично формираниот полуостров длабоко навлегува во езерото, Лаго ди Гарда, познат по старата тврдина Сцалигера, тесните улици, преубави мали куќи и типични населби со комплетна содржина. По посетата на Сирмионе, се упатуваме кон шопинг центарот Palmanova Outlet Village. Слободно време за шопинг. Во договорено време поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска, Србија… Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 08.12.2026 – вторник.
ПРОМО ЦЕНА: 175 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ ОД 80 ЕВРА ПО ЛИЦЕ! (во пакетот вклучени се сите екскурзии, освен крстарењето по Езерото Комо која се доплаќа на лице место по пристигнувањето во Комо)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 ЕВРА
Воценатанааранжманот е вклучено:
- Превознанаведенатарелација
- 2 ноќевањасопојадоквохотел 3* во околината на Милано
- Бесплатентрансферод: Битола, Прилеп, ЦрнаРека (Сирково) и Велес
- Организацијанааранжманот и туристичкипридружниквотекотнацелотопатување.
Воценатанааранжманотне е вклучено:
- РазгледнаМиланосоводич (15€)
- ПосетанаЛугано и Комо (50€)
- Посета на Сирмионе (15€) – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА за тие кои одат по редовна цена
- КрстарењепоезеротоКомо – оваа екскурзија не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо, истото се договара на лице место со локалните
- Задолжителнадоплатазатуристичкатакса 5€ полицепоноќевање
- Патничкоосигурување
Пакетот екскурзии од 80 евра вклучува: разглед на Милано со водич, посета на Лугано и Комо и посета на Сирмионе
* Екскурзијата крстарење по езерото Комо не е вклучена во пакетот и истата се плаќа директно при пристигнувањето во Комо
* Екскурзијата посета на Сирмионе е ЗАДОЛЖИТЕЛНА за посета за сите патници присутни во групата
- За single соба се доплаќа дополнителни 60 евра
- Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
- Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
- Во случај на двајца возрасни и две деца до 11,99г, децата добиваат 15 евра попуст на аранжманот а се сместуваат во две двокреветни соби или четворокреветна доколку хотелот располага со таква
- Деца до 11,99 евра добиваат 20% попуст на екскурзиите
- За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел
ВНИМАНИЕ!
Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.
| Дата Од | Дата До | Статус | Цена | |
|---|---|---|---|---|
| 04.12.2026 | 07.12.2026 | Активна | 10850 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |




Translate