ИСТАНБУЛ 2НП

BLACK FRIDAY

Програма

1
1 ден 06.12.2024 (петок)
    Состанок на групата на Дрводекор во 15:00. Тргнување во 15:30. Се патува преку граничниот премин Богородица со попатни паузи и царински формалности.
2
2 ден 07.12.2024 (сабота)
    Планирано пристигнување во утринските часови. Во договореното време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура на Таксим и улицата Истиклал до Галата Кула. Слободно време за индивидуални активности.
    Влез во хотел. (влез во хотелот е после 14:00ч) Слободно време.
    Во попладневните часови во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници и мала чаршија. Местото кое е најпознато по својот специјалитет – компир. (препорака) Слободно време за сликање и прошетка. Потоа посета на облакодерот Сафир кој воедно и е една од највисоките згради во Истанбул. Се искачуваме со лифт до 54тиот кат каде можеме да го видиме и азиски и европски Истанбул се до третиот мост. Можност за 4Д проекција на која буквално прелетуваме низ сите знаменитости во градот.
    Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.
3
3 ден 08.12.2024 (недела)
    Појадок. По појадокот во договореното време се упатуваме во една од најживопсните населби со шарен шмек поради нејзините куќички и сокачиња, населбата Балат. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ една од најинстаграмџиската населба во Истанбул. Во договореноро време одиме на крстарење по Босфорот, каде одблизу ќе имаме можност да ги видиме сите оние луксузни вили, преубави населби, хотели каде се снимани најпознатите турски серии.
    Потоа следи посета на Азија, што би вредело доаѓањето во Истанбул доколку не појдете да го видите и другиот континент каде што се простира овој град. Се посетува населбата Кадикој која е центарот на Азија, тоа што е Таксим во Европа, Кадикој е во Азија. Продавнички, ресторани, кафулиња... сокачиња во кои би се заљубиле во првиот момент откако ќе пристигнете таму. Слободно време за вечера и уживање во најмонденското место во азиски Истанбул. Во договореното време враќање во хотелот. Вечерта факултативно ноќно крстарење со турска традицонална вечера. Ноќевање.
4
4 ден 09.12.2024 (понеделник)
    Појадок. По појадокот, спакувани, одјавени се упатуваме кон шопинг центарот Форум Истанбул. Слободно време (отприлика 3часа) за шопинг, ручек и во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови на 10.12.2024 (вторник).

BLACK FRIDAY ЦЕНА: 99 ЕВРА ПО ЛИЦЕ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И УПЛАТЕНИ ДО 02.12.2024

Редовна цена: 13евра

 

Во цената е вклучено:

2 ноќевања со појадок во хотел Taxim Express 4* https://www.taximexpress.com/eng/gallery.html

- Автобуски превоз

- Пешачка тура на плоштадот Таксим

- Посета на трговскиот центар Форум

- туристички пратител за време на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

- Патничко осигурување

трансфер Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) – 10 евра по лице

- Индивидуални трошоци

- Факултативни излети:

-          Населбата Ортакој и облакодерот Сафир - 40 евра

-          Населбата Балат – 15 евра

-          Крстарење на Босфор - 20 евра

-          Посета на Азија – 25 евра

-          Ноќно крстарење со турска традиционална забавна вечера, неограничени алкохолни пијалоци  – 45 евра

-          Посета на аквариумот – 25 евра

 

 НАПОМЕНИ:

-          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

-          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-          Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

-          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

-          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето

-           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

-          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

-          За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел     

Дата Од Дата До Статус Цена  
06.12.2024 09.12.2024 Активна 6138 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН