ПРАГА-ДРЕЗДЕН-ВИЕНА

8 ДЕКЕМВРИ

Програма

1
1 ден 04.12.2026 петок СКОПЈЕ – ПРАГА
    Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 ч. Патувањето е преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2
2 ден 05.12.2026 сабота ПРАГА
    Пристигнување во Прага во пладневните часови. Факултативен панорамски и пешачки разглед на градот со водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Слободно индивидуално време. Ноќевање.
3
3 ден 06.12.2026 недела ПРАГА-ДРЕЗДЕН-ПРАГА
    Појадок. По појадокот предвидено е крстарење на реката Влтава. Крстарење кое нема да ве остави рамнодушни, преубаво искуство каде одблизу ќе можат да се видат сите оние готски згради кои ја прават Прага една од најубавите градови во Европа. По крстарењето се упатуваме на факултативен излет во прекрасниот Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија. Основан уште во 600г. пне. на обалата на реката Елба. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби, како остатоци од некогашното Кралство Саксонија. Стариот дел од градот е слика на богатото и славно минато: Палатата Звингер, седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба, прекрасната Готска Богородична црква – Frauenkirche, Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор, Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински), Августовиот мост на “Фиренца на Елба“ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во Прага. Слободно време. Ноќевање.
4
4 ден 07.12.2026 понеделник ПРАГА-ВИЕНА-СКОПЈЕ
    Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена со попатна пауза во шопинг центарот во Знојмо. Панорамски разглед на рингот: Плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерната уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуална прошетка и во договорено време поаѓање за Скопје.
    Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 08.12.2025 (вторник).

ПРОМО ЦЕНА: 185 ЕВРА СО ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ ОД 80 ЕВРА! (екскурзиите се плаќаат во автобус)
РЕДОВНА ЦЕНА: 219 ЕВРА

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во хотел со 3* во околината на Прага
  • Посета на Виена
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето.
  • Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Дреново (Макпетрол) и Велес

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Разглед на Прага со водич -15 евра
  • Факултативен излет на Дрезден -45 евра
  • Крстарење по реката Влтава - 30 евра
  • Задолжителна доплата за туристичка такса 2.5 евра по лице по ноќевање – се плаќа во автобус
  • Патничко осигурување

 

НАПОМЕНИ:

  • За single соба се доплаќа дополнителни 80 евра 
  • Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот
  • Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%
  • Во случај на двајца возрасни и две деца до 11,99г, децата добиваат 15 евра попуст на аранжманот а се сместуваат во две двокреветни соби или четворокреветна доколку хотелот располага со таква
  • Деца до 11,99 евра добиваат 20% попуст на екскурзиите
  • За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето
  • За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
  • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 3 месеци од денот на патувањето
  • Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
  • Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
  • Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел           

 

ВНИМАНИЕ!

Лицата со попреченост мора да го најават степенот на попреченост, со сите потребни детали, од моментот на регистрација и потврда на резервацијата. Оранизаторот не претпоставува и не може да гарантира никакви специјални услуги што не можат да бидат понудени од трети лица, доколку тие не биле наведени во резервациите и во договорот за услуги.

 

Дата Од Дата До Статус Цена  
04.12.2026 07.12.2026 Активна 11470 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН