ВИЛА TAKIS & MARIA

ТРЕТ КРАК

НАПОМЕНИ:
- Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
- Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
- Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
- Кога има акциски попуст,НЕ важи за смените со звездичка;
- За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
- Целосна  доплата на аранжманот е дваесет и еден ден  (21 ) пред поаѓање;
- Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;

- Во случај на промена на цените  ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
- Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ  НА ПАТУВАЊЕ;
- Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
- Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА и  АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
- Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
- Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).

 

АПАРТМАНИТЕ:
 ИМААТ КРПИ  ;
 ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН

 

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:                                            
60 € за возрасни – повратна карта;
40 € за деца до 12 години – повратна карта;
40 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € ( доплата за избор на прв ред седиште );
10 € ( доплата за избор на седиште, освен прв ред на седиште )
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР:
БИТОЛА ДО НЕГОТИНО 30€ ПО ЛИЦЕ- ПОВРАТНА КАРТА
ПРИЛЕП ДО НЕГОТИНО 25 € ПО ЛИЦЕ – ПОВРАТНА КАРТА

 

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД

Град

Место на тргнување

Време

Куманово

Бензинска пумпа Макпетрол

03:00часот наутро

Скопје

Спортска сала Борис Трајковски

04:00часот наутро

Велес

Мотел Македонија бенз.Мак.Оил

04:30 часот наутро

Кочани

Основен Суд

03:15 часот наутро

Штип

Нова Пошта

04:00 часот наутро

Неготино

Бензинска пумпа Макпетрол

05:00 часот наутро

Гевгелија

Бензинска пумпа Окта-Шимов

06:00 часот наутро

ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР - 25 € ПО ЛИЦЕ - ОД ПРИЛЕП И 30€ ПО ЛИЦЕ ОД БИТОЛА

Прилеп

Бензинска пумпа Лукоил

04:00 часот наутро

Битола

Спортска сала

03:15 часот наутро

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ВИЛА ТАКИС И МАРИЈА -  (ОПИС НА СТУДИЈА И АПАРТМАНИ)

I кат 

АПАРТМАН  БР.1 (1/2+1/3) - 5 лица
Апартманот располага со една спална, кујна и купатило со WC. Во спалната соба има еден дупол кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта и се излегува на тераса. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо со две рингли,аспиратор, фрижидер и клима уред. Во кујната има два поединечни кревети на спрат на кој можат да спијат двајца возрасни или две деца овде има маса со столици, TV. Од кујната се излегува на тераса на која има маса со столици со поглед кон двор.

АПАРТМАН БР.2 (1/2+1/3) - 5 лица
Апартманот располага со една спална, кујна и купатило со WC. Во спалната соба има еден дупол кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта и се излегува на тераса. Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо со две рингли,аспиратор, фрижидер и клима уред. Во кујната има два поединечни кревети на спрат на кој можат да спијат двајца возрасни или две деца овде има маса со столици, TV. Од кујната се излегува на тераса на која има маса со столици со поглед кон двор.

СТУДИО БР.3  (1/3 +1) – 3 лица +1 дете до 6 год.
Студиото располага со еден дупол кревет и еден поединечен кревет кои се на спрат. Овде има можност да се стави фотелја на спуштање за  мало за дете до 6 год.Во склоп на собата е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар, решо со 2 рингли ,аспиратор,фрижидер и клима уред.Во склоп на истата соба има Тв,плакар за алишта,и мала масичка.Има сопствено купатило и WC.Студиото излегува на тераса со маса и столици.