Поклонение на моштите на Св.Петка 

 

БУКУРЕШТ - СИНАJА - ПЛОЕШТИ - ЈАШИ




1 ден: ЧЕТВРТОК (23.05.2019) - СКОПЈЕ - БУКУРЕШТ
Тргнување од Скопје (Дрвдекор) состанок на групата во 15:00ч. поаѓање 15:30.
Патување со високотуристички автобус преку Бугарија со попатни паузи.

2 ден: ПЕТОК (24.05.2019) - БУКУРЕШТ - СИНАJА - ПЛОЕШТИ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот. Главниот град на Романија е познат уште и како Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,,најпознатата улица Kalja Viktorijej на која се наоѓа Ateneum (седиштето на филхармонијата), некогашната Кралска палата (денес музеј на уметноста).
Посета на Соборниот храм, каде ќе се поклониме на моштите на светиот Димитриј Басарбов, цар Константин и царица Елена и Св. Нектариј Егински.Патувањето продожува кон Синаjа – посета на дворецот Пелеш каде Романските кралеви престојувале во летниот период,а денес музеј од историско и културно значање во Романија, и бисерот на Карпатите црквата Синаjа.
Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден: САБОТА (25.05.2019) - ПЛОЕШТИ - ЈАШИ
Појадок. Одјавување од хотелот. Патувањето продожува кон Јаши –административен и духовен центар на романска Молдавија – некогашна престолнина на Кнежевството Молдавија.
Поклонување на моштите на Преподобна Мајка Света Петка .Нејзините чудотворни мошти се наогаат токму во оваа црква а низ вековите биле пренесувани во: Цариград,Трново, повторно враќани во Цариград па во Белград. Православните верници доагаат од целиот свет да ги видат светите мошти за кои се верува дека чудотворно ги лечи сите болни што и приоѓаат со вера во Бога и со љубов кон светителката. Посета и на Црквата Свети Три Јерарси, каде порано биле сместени моштите на Св. Петка
Сместување во хотел.Ноќевање.

 

4 ден: НЕДЕЛА (26.05.2019)  - ЈАШИ - СКОПЈЕ
Појадок. Одјавување од хотелот.Слободно време за разглед на градот во кој има голема пешачка зона, прекрасни паркови, ресторани, кафе барови, продавници и прекрасни градби како Палатата на културата,Националниот театар,Градското собрание (некои од нив датираат од 15 век а некои се заштитени од УНЕСКО). Факултативна посета на ботаничката градина. Поаѓање кон Македонија. 
Пристигнување во пладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

За уплата до 30.04.2019 6499 денари
Редовна цена 7900 денари

(Во цената е вклучен и трансфер од: Битола,Прилеп,Росоман(Црна Река),Градско и Велес)

Во цената на аранжманот е вклучено:
Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
2 ноќевања со појадок во хотел 3* (Плоешти + Јаши)
Лиценциран придружник во текот на целото патување
Организација и реализацја на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:
Влезница за црквата во Синаjа – 5 евра
Влезница за дворецот Пелеш – 15 евра
Влезница за ботаничка градина - 5 евра
Задолжително групно патничко осигурување – 300 денари.
Цената е формирана за минимум 50 патници
За програмата потребен е важечки биометриски пасош 60 дена