ИСТАНБУЛ 3НП

ВЕЛИГДЕН

Програма

1
1 ден 01.05.2024 (среда)
    Состанок на групата на Дрводекор во 15:00. Тргнување во 15:30. Се патува преку граничниот премин Богородица со попатни паузи и царински формалности.
2
2 ден 02.05.2024 (четврток)
    Планирано пристигнување во утринските часови. Во договореното време групата со локалниот водич се упатува на пешачка тура низ Аксарај преку Капали чаршија се до хиподромот каде се лоцирани Аја Софија, Сината Џамија, Јеребатан, Топ Капи и др. Слободно време за индивидуални активности.
    Влез во хотел. (влез во хотелот е после 14:00ч) Слободно време.
    Во приквечерните часови предвидена е факултативна посета на облакодерот Сафир кој воедно и е една од највисоките згради во Истанбул. Се искачуваме со лифт до 56тиот кат каде можеме да го видиме и азиски и европски Истанбул се до третиот мост. Можност за 4Д проекција на која буквално прелетуваме низ сите знаменитости во градот.
    Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање
3
3 ден 03.05.2024 (петок)
    Појадок. Слободно време за индивидуални активности.
    Во попладневните часови планирана е посета на најпознатиот плоштад Таксим, местото кое живее 24 часа, заедно со улицата Истиклал долга 2 километри каде од сите страни се наоѓаат продавници, кафулиња, ресторани а крајот на улицата го краси прекрасната Галата кула. Слободно време за прошетка и уживање. Потоа во договорено време се упатуваме кон прекрасниот Ортакој, една од најубавите населби во областа Бешикташ, која се наоѓа под големиот Босфорски мост. Нема слика или разгледница од Истанбул каде не е овековечено ова место, кое е опкружено со многу кафетерии, ресторани, продавнички, сувенирници. Местото кое е најпознато по својот специјалитет – компир. (препорака) Слободно време за сликање и прошетка. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање.
4
4 ден 04.05.2024 (сабота)
    Појадок. По појадокот во договореното време се упатуваме во една од најживопсните населби со шарен шмек поради нејзините куќички и сокачиња, населбата Балат. Слободно време за индивидуални активности и прошетка низ една од најинстаграмџиската населба во Истанбул. Во договореноро време одиме на крстарење по Босфорот, каде одблизу ќе имаме можност да ги видиме сите оние луксузни вили, преубави населби, хотели каде се снимани најпознатите турски серии.
    Потоа следи посета на Азија, што би вредело доаѓањето во Истанбул доколку не појдете да го видите и другиот континент каде што се простира овој град. Се посетува населбата Кадикој која е центарот на Азија, тоа што е Таксим во Европа, Кадикој е во Азија. Продавнички, ресторани, кафулиња... сокачиња во кои би се заљубиле во првиот момент откако ќе пристигнете таму. Слободно време за вечера и уживање во најмонденското место во азиски Истанбул. Во договореното време враќање во хотелот. Ноќевање.
5
5 ден 05.05.2024 (недела)
    Појадок. По појадокот, спакувани, одјавени се упатуваме кон шопинг центарот Форум Истанбул. Слободно време за шопинг, ручек и во договореното време тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во утринските часови на 06.05.2024 (понеделник)

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 119 ЕВРА ПО ЛИЦЕ

Редовна цена: 159 евра

 

Во цената е вклучено:

3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Аксарај

- Автобуски превоз

- Пешачка тура низ стариот дел на Истанбул - населбата Аксарај

- Посета на трговскиот центар Форум

- туристички пратител за време на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

- Патничко осигурување

- трансфер Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) – 10 евра по лице

- Индивидуални трошоци

- Факултативни излети:

-          Топ Капи палатата – цена наскоро

-          Сафир со вклучена 4Д проекција – 30 евра

-          Населбата Ортакој и Таксим - 20 евра

-          Населбата Балат – 10 евра

-          Крстарење на Босфор - 20 евра

-          Посета на Азија – 20 евра

-          Посета на аквариумот (цена наскоро)

 

НАПОМЕНИ:

-          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

-          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-          Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

-          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

-          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето.  За ова патување валидни се само пасошите на кои пишува "Република Северна Македонија".

-           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

-          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

-          За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел           

 

Дата Од Дата До Статус Цена  
01.05.2024 05.05.2024 Активна 5178 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН