25.04 – Четврток

Чекање на групата пред  Дрводекор околу 20 часот. Патување со високотуристички автобус, преку граничниот премин Богородица. Ноќно возење преку Грција со попатни застанувања за пауза и царински формалности.

26.04 – Петок

Пристигнување во раните утрински часови и сместување во вилата Артемида. Кратко време за освежување и одмор, па потоа патувањето продолжува со факултативен излет до древната Олимпија или „Долината на Боговите“. Древна Олимпија е античко светилиште како и родното место на Олимписките игри. Ќе имате прилика и да го видите храмот на Зевс, храмот на Хера, Булутерион, како и олимпискиот стадион на кој се одржани првите игри со кои ќе се вратите во времето на грчките божества. Целото наоѓалиште е под заштита на УНЕСКО. Враќање во Лонгос во раните вечерни часови. Ноќевање.

 27.04 – Сабота

Слободен ден или можност за факултативен излет до Атина. Разглед на централните делови на грчката престолнина, плоштадот Омонија, националната библиотека, зградата на архивата, плоштадот Синтагма на кој се наоѓа зградата на Парламентот, олимпискиот стадион. Посета на Акропол по желба, најзначајниот објект и симбол на Атина или слободно време во Монастираки, каде можете да уживате во грчките таверни и нивните специјалитети. Враќање. На патот до Лонгос, кратко застанување и разглед на Коринтскиот канал, единствен пример на човечката упорност, каде се спојуваат Егејското и Јонското море.

 28.04 – Недела

Велигден! Патот не води до Патра, главниот град на Пелопонез и трет најголем град во Грција. Разгледот не води преку прекрасната црква на Свети Андрија, во која се чуваат моштите и крстот на кој е распнат светецот. Единствена прилика да почувствувате како Грците го прославуваат овој голем ден. Слободно време во центарот на Патра. Потоа можност за заеднички Велигденски ручек. Ноќевање.

 

29.04 – Понеделник

Напуштање на апартманите и групата се упатува према величествениот комплекс на манастири кои „лебдат“ помеѓу земјата и небото – Метеори. Чудесна глетка која никого не остава рамнодушен. Посета на ќелиите на манастирот каде ќе видите како живеат монасите во нивниот верски живот. Потоа патувањето продолжува према Скопје. Планирано пристигнување во раните утрински часови на 30.04.

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • 3 ноќевања во вила „Артемида“ во местото Лонгос (Селианитика) во близина на градот Патра
  • Автобуски превоз на дадената релација
  • Разглед на Патра со водич
  • Туристички придружник за време на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Посета на Древната Олимпија со вклучена влезница за локалитетот – 25 евра
  • Разглед на Атина и Коринтскиот канал – 25 евра
  • Посета на Метеори и влезница за манастирот Голем Метеор – 10 евра
  • Задолжително патничко осигурување 300 денари по лице

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

· Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот

· Сместувањето е во двокреветни, трокреветни и четворокреветни соби

· Нема намалување на цената за сопствен превоз

· ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)

· Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

НАПОМЕНА ВО ВРСКА СО ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ:

· Цените на излетите се подлежни на промена во зависност од бројот на пријавените патници. Неопходен минимум за реализација на факултативите е 35 патници. Во случај на помал број на пријавени, можно е цената да подлежи на промена според условите од локалната агенција, тур-оператор, па организаторот има право да понуди корегирана цена, а патниците немаат обврска да ја прифатат. Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата и зависат од бројот на пријавени патници. Цената на факултативите вклучува трошоци за организација, превоз, водич. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини во локалитетите, бројот на пријавени патници и објективни околности. Организаторот на излетот го задржува правото да го промени терминот и условите на изведување на факултативите предвидени во програмата.