Прв ден – 29.12.2019 (недела)

Состанок на групата на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин (Дрводекор) во 11:30,
поаѓање за Италија во 12:00 часот. Денско и ноќно патување низ Србија, Хрватска, Словенија и Италија со кратки попатни паузи и царински формалности.

Втор ден – 30.12.2019 (понеделник)

Пристигнување во Милано во утринските часови. Разглед на Милано со лиценциран локален водич: Sforcesco Cstle,,Pizza de Duomo-централен плоштад каде што се наоѓа најголемата Готска Катедрала во светот- ДУОМО-катедрала со фасцинантен изглед, составена од 3400 статуи.
Разгледот продолжува кон галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници (Gucci,Prada,Louis Vuitton….итн) кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.По разгледот сместување во хотел. Во вечерните часови слободно време или организирано излегување во договор со групата. Ноќевање.

Трет ден – 31.12.2019 (вторник)

Појадок. Слободно време за индивидуален разглед на Милано или факултативен излет до Швајцарија. Време предвидено за посета на Лугано-градот кој што се наоѓа на езерото Лугано, на падините на Алпите, познат како швајцарското Монте Карло. Обиколка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк Parco Civico, еден од најубавите паркови во Швајцарија.Прошетката продолжува со посета на живописното италијанско гратче Комо, кое се простира на брегот на истоименото езеро, едно од најпознатите и најдлабоките езера во Европа.Посета на Комо, посета на мавзолејот на Алесандро Волта, Катедралата Бролето, ѕидините кои го обиколуваат скоро целиот град. Можност за факултативно крстарење со брод по езерото и да се видат преубавите вили градени во периодот од 17-ти до 19-ти век, меѓу кои се и вилите на Џорџ Клуни, Версаче, Мадона, Макартни итн.Враќање во хотелот а во попладневните часови организиран трансфер до центарот на Милано.Дочек на Нова Година на централниот плоштад  Piazza del Duomo.
Во договорено време враќање во хотел.
Ноќевање.

Четврт ден – 01.01.2020 (среда)

Појадок. По појадокот – одјавување од хотелот и поаѓање према градот на љубовта Верона. Прошетка низ Стариот Град, плоштадите Бра и Ербе, Арената, познатата куќа на Јулија и нејзината тераса, како и статуата на Јулија.По посетата на Верона, групата се упатува према познатиот аутлет Палманова, каде има познати брендови на гардероба по пониски цени. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Словенија, Хрватска,Србија… Пристигнување во Скопје во претпладневните часови на 14.10 – понеделник.

ПРОМО ЦЕНА:     129 евра (7999 денари) за уплата до 15.11.2019
РЕДОВНА ЦЕНА:   149  евра 



ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

 2 ноќевања со појадок во хотел со 4 **** во Милано

HOTEL EXCEL MILANO 3 линк од хотелот https://www.excelmilano3.it/en/

 Автобуски превоз на релација Скопје- Италија – Скопје

 

 Разглед на Верона

 Посета на Палманова трговски центар

 Туристички придружник

 Организација и реализација на аранжманот
***Трансфер од хотелот, до центарот на Милано (плоштадот Дуомо) за дочек на новата 2020 година 
*Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци(црна река),Велес и Куманово.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

· Задолжителна доплата за туристичка такса во хотелот 2.5 евра по лице од ден

· Разглед на Милано со професионален водич – 20евра

· Посета на Лугано – Комо – 20 евра

· Крстарење по езерото Комо – 20 евра

· Патничко осигурување 300 денари по лице

 СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи (Разглед Милано, Посета на Лугано-Комо и крстарење)  55 евра по лице (со резервација во агенција)


НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

 

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)