РИМ

АВИОНСКИ ПРОГРАМИ

Програма

1
ДЕН 1 (02.12.2023 - сабота ) | Скопје - Рим
    Пристигнување на скопскиот аеродром во 10:45 часот. Полетување за Рим во 12:45 часот. Слетување во Рим во 14:30 часот. Трансфер до хотелот со попатен двочасовен панорамски разглед на градот ...Порта Маџоре, Св. Петар и Павле, кејот на реката Тибар, Св.Петар,плоштадот Дел Пополо …Сместување во хотел. Во вечерните часови прошетка со пратителот на групата во центарот на градот, плоштадот Навона, каде ќе ја почувствувате прдновогодишната атмосфера од прекрасниот Божиќен Пазар.Индивидуално враќање во хотел. Ноќевање.
2
ДЕН 2 (03.12.2023 - недела) | Рим - Ватикан
    Појадок во хотел.По појадокот предлог факултативна посета на Ватикан (превоз со метро), - Ватиканските музеи и Систинската капела. При посетата на музеите ќе имате можност да ги видите најзначајните збирки дела: збирката на антички статуи, салата со таписерии и географските мапи од 16 - ти век, салата со канделабри, како и собите кои ги насликал Рафаело. Посебно се истакнува Систинската капела со делата на Перуџина, Ботичели и други светски познати сликари. Во времето од 1508 година до 1511 година Микеланџело Буонароти го насликал таванот со теми од Стариот завет за да околу 30 - тина години подоцна како тема за просторот над олтарот го избрал Страшниот Суд.Прошетката на Ватикан завршува со посета на прекрасниот плоштад кој бил уреден од Бернини - најзначајниот уметник на италијанскиот барок. Слободно време па следува организиран разглед на градот со локален водич (пеш и метро), разглед на Пиаца Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, Шпанските скали, шопинг улиците (Виа Кондоти, Виа Дел Корсо), Пиаца Пополо.Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
3
ДЕН 3 (04.12.2023 - понеделник) | Рим – Колосеум, Сан Клементе и Римските Форуми
    Појадок во хотел. Наш предлог за денес е посета на една од најголемите знаменитости и атракции во Рим - Колосеумот, лоциран до дворецот на Нерон “Domus Aurea”, кој бил најголемиот амфитеатар во Римската Империја.Овде е и црквата Сан Клементе, каде се наоѓа гробот на Св. Кирил (влез со доплата).Потоа се упатуваме кон Римскиот форум, Константиновата Арка, Циркус Максимус , Плоштад Венеција ... По завршување на факултативниот разглед на античкиот Рим имате слободно време за индивидуални прошетки.Враќање во хотел. Ноќевање.
4
ДЕН 4 (05.12.2023 - вторник) | Рим – Скопје
    Појадок во хотел и одјавување од собите. Следува трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 15:05ч. , слетување во 16:50ч.

 ЦЕНA ПО ЛИЦЕ: 379 € 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Директен летна релација Скопје - Рим - Скопје со авио компанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси;
  • Организирани трансфери: аеродром - хотел - аеродром;
  • Мала кабинска торба со димензии 40 x 30 x 20 cm;
  • Сместување во двокреветни соби во хотел со 3*  - ноќевања со појадок;
  • Организиран панорамски разглед;
  • Пратител на групата за време на целото патување
  • Организацијанааранжманот;

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за 20 kg багаж (куфер);
  • Туристичка такса - 4 € или 6 € по лице на ден (зависно од категоризацијата на хотелот);
  • Билети за јавен превоз со метро;
  • Патничко осигурување;

Предлог факултативи:

  • Разглед на Рим со локален водич– 20
  • Факултативна посета на Ватикан и Систинската капела(влезница + локален водич) – 60
  • Факултативна посета на Колосеум и Римските форуми со локален водич– 60

Напомена:

Поради закажување на термини и купување на влезници, факултативите мора да се пријават и уплатат во агенција. Агенцијата не гарантира достапност на влезници на лице место.

 

Општи напомени:

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 25 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешно стана јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Идеал Травел

Дата Од Дата До Статус Цена  
02.12.2023 05.12.2023 Активна 23498 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН