САРАЕВО

АВТОБУСКИ ПРОГРАМИ

Програма

1
Ден 1: 07.12.2023 (четврток)
    Состанок на групата на Дрводекор во 21:30ч од Скопје и поаѓање во 22.00 часот од Дрводекор. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и цариснки формалности.
2
Ден 2: 08.12.2023 (петок)
    Првото место кое што ќе го посетиме е Вишеград — град што се наоѓа во котлина долж течението на реката Дрина, во источниот дел на Република Српска (БиХ). Во градот се наоѓа мостот опишан во книгата на Иво Андриќ - „Мостот на Дрина“, изграден од Мехмед Паша Соколовиќ. Слободно време за одмор и прошетка. Во договорено време поаѓање кон Сараево. Следува разглед на градот со локален водич: Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме по пешачката зона каде е катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, џамијата Гази Хусрев Бег и Царската џамија, Башчаршија - Старата турска чаршија која датира од 15-от век, мостовите… По разгледот се упатуваме кон хотелот. Се сметуваме. Слободно индивидуално време за одмор или прошетка. Во вечерните часови можност за посета на најстарата пивница во Сараево. Ноќевање.
3
Ден 3: 09.12.2023 (сабота)
    По појадокот се упатуваме на целодневна факултативна посета. Првото место што ќе го посетиме е Јабланица, местото каде во 1943 година се одиграла Битката за ранетите. Ќе го посетиме срушениот мост на Неретва, кое низ годините говори за страдањата на овој народ и местото каде што е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“.
    Од тука, продолжуваме кон разглед на градот Мостар со локален водич. Го посетуваме стариот мост кој е главна атракција на градот, улицата Кујунџи на која се наоѓаат занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Слободно време за индивидуални активности. Во договорено време поаѓање кон Сараево. Ноќевање.
4
Ден 4: 10.12.2023 (недела)
    По појадокот, се одјавуваме од хотел и се упатуваме кон Босанските пирамиди на Височица во близина на босанскиот град Високо, северозападно од Сараево. Пирамидата Сонце во Високо е стара 29.000 години, и со тоа е најстарата пирамида во светот. Местото станало интересно за светската јавност во 2005 г. кога локалните власти објавиле дека се работи за пирамиди изработени од човечка рака.
    И покрај упорните напори на главниот двигател на проектот, д-р Семир Османагиќ, огромен дел од стручната јавност во светот тврди дека тоа се сосема природни геолошки образби и дека нема никакви докази за човеково вмешателство во планината. По разгледот, во договорено време, патувањето го продолжуваме кон Македонија.

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 109 ЕВРА

РЕДОВНА ЦЕНА: 129 ЕВРА

 

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз
на дадената релација
- 2 ноќевања со појадок во Hotel
3*во Сараево
- Разглед на Сараево со локален водич
- Посета на Вишеград
- Организација на патувањето и пратител

 Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Целодневна факултативна посета на: Јабланица (Мостот на Неретва) и Мостар - 30 евра
- Босански пирамиди - 25 евра
- Туристичка такса 2 евра по лице
- Патничко осигурување
СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи 50 евра по лице (со резервација во агенција)

 

НАПОМЕНА:

-          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

-          Дете со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

-          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. 6 месеци од денот на патувањето

-           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

-          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-          Во случај на недоволен број на патници организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

-          За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел           

 

Дата Од Дата До Статус Цена  
07.12.2023 10.12.2023 Активна 6758 ден. ПЛАТИ ОНЛАЈН