МАНАСТИР ТУМАНЕ
ВИКЕНД ПАТУВАЊА
Тумане е идеална дестинација за воздигнување како во духовна така и во култуно - историска смисла. Манастирот Тумане се наоѓа на 120км од Белград и 9км од Голубац. За настанувањето и името на манастирот Тумане/Тумана/Туман нема сигурни податоци и истите се јавуваат во (XIX век) врз основа на кои се запишани устните преданија. Доколку ги земеме во предвид народните сеќавања манастирот Тумане/Тумана/Туман настанал како задужбина на косовскиот јунак Милош Обилич (Милоша Обилића) за кој се смета дека владеел со делот од денешно Браничево (Браничева). Пред косовската битка манастирот сеуште не бил довршен па Свети кнез Лазар со зборовите „Ту мани„ повикал да се престане со ѕидање на манастирот. Другата приказна која е поврзана со настанување на името на манастирот е преданието според кое косовскиот јунак Милош Обилич (Милоша Обилића) ловејќи во густите шуми на околните манастири го ранил со стрела Светиот Зосим. Носејќи го ранетиот и неподвижен Зосим кон својот двор со цел да му го спаси животот, на местото каде што сега манастирот Свети Зосим го молел Милош Обилич да го остави со зборовите: „Ту мани и пусти ме да умрем“. На местото каде Свети Зосим ги изговорил своите последни зборови Милош Облич го погребал, а над гробот ја изградил црквата, односно манастирот кој до ден денс го носи името Туман-Тумане, а токму на ова место верниците наоѓаат благослов и утеха преку молитвите за заздравување и исцелување.Голубац е местото каде насмевката на Дунав е најширока, токму пред влезот во теснецот кој меѓу напукнатите карпи ја изрежал најголемата клисура во Европа, а Кошава ги разбива брановите на Дунав по ѕидините на величенствената тврдина. Како изгледале црквата и комплексот манастири Тумане не е возможно да се утврди со оглед дека во средниот век и турското ропство манастирот ги носи бремето и страдањата на својот народ. Манастирот бил ограбен, срушен, запален но како и народот секогаш бил обновуван. Сегашната црква е подигната и осветена во 1924 година.
ТЕРМИН: 09.04.2023 (НЕДЕЛА)
Цена: 1600 денари
Програма
ПРОГРАМА
- Состанок на групата во сабота навечер во 23:30 часот, поаѓање кон Србија во 00:00 часот.
Ноќно возење со попатни паузи за царински формалности и за одмор. Пристигнување во Манастирот во утринските часови.
Присуствување на светата утринска литургија.
Во 13:30 часот групата се собира и се упатуваме кон посета на градчето Голубац. Слободно индивидуално време за прошетка.
Во договорено поаѓање кон Скопје. Превидено време за пристигнување во вечерните часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус
- Посета на манастирот Тумане
- Присуствување на светата утринска литургија
- Организација на патувањето и пратител
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници
- Доколку нема доволен број на патници, организаторот има право да го откаже патувањето 1 ден пред поаѓање
- Се патува само со лична карта или пасош
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ИДЕАЛ ТРАВЕЛ
Дата Од | Дата До | Статус | Цена | |
---|---|---|---|---|
09.04.2023 | 09.04.2023 | Активна | 1600 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |