Asia Beach Resort & Spa 5*

ХОТЕЛИ

Програма

1
Положба
    Хотелот се наоѓа во областа Обагол на 3км од центарот на Аланија и 130 км од аеродромот во Анталија.
2
Сместување
    Вкупно 320 соби.

    Стандардни Соби: (28-41м², една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, една софа, едно купатило, со или без балкон, макс. 3+1 лица).
    Фамилијарни Соби со Кревети на Спрат: (39м², една спална соба со француски кревет, помала соба одвоена со лизгачка врата со кревети на спрат за деца, едно купатило, макс. 3+1 лицa).
    Делукс Апартмани со Поглед на Море: (62 м², две спални соби – се минува низ главната спална за да се стигне до помалата спална за деца, едно купатило, со балкон, макс. 4+1).
    Selection Апартман: (58-74м², две спални соби одвоени со врата, две купатила, со или без балкон, макс. 5+1 лица).
    Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (со вода и безалкохолни пијалоци се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, сателитска ЛЦД ТВ и музички канали, бесплатна Wi-fi интернет конекција, со или без балкон.
3
Услуга
    Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладне чај и кафе, доцна вечерна услуга, сите локални и стандардни алкохолни и безакохолни пијалоци од 10.00-24.00ч., сладолед во слаткарница, безалкохолни пијалоци и пиво во барот на плажа од 10.00-17.30ч., Диско клуб само локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 02.00 часот. Не е вклучено: специјални увозни пијалоци,пијалоци кои што не се на менито, свежо цедени сокови, специјални коктели, услуга во соба, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, сите флаширани пијалоци, витамин бар дополнително се наплатуваат.
4
Содржини
    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - турска и италијанска кујна, лоби бар, бар покрај безенот и на плажа. Доктор, чување деца, перење и пеглање, телефон, факс, интернет катче, продавници, фризер, изнајмување кола дополнително се наплатуваат. Бесплатна Wi-fi интернет конекција во целиот хотел.
5
Плажа
    Хотелска приватна песочна плажа и со карпи. Лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни. Има тунел под патот кој води до плажата.
6
Спорт и забава
    Отворени и затворени базени за возрасни со дел за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, одбојка на плажа, пинг понг, теретана. Спортови на вода, масажа и СПА & Wellness центар, билијард, компјутерски игри, куглање дополнително се наплаќаат. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и на базенот, вечерен шоу програм. Мини клуб за деца од 04-12 год., детско игралиште и мини диско навечер.