ОСТРОГ И БУДВА
ВИКЕНД ПАТУВАЊА
Издлабен во карпа, издигнат над рајска шума, на надморска височина од 900 метри е домот на големиот чудотворец, Василиј Острошки, манастир кој секојдневно е прибежиште на илјадници верници кои тргаат по мир, здравје и чуда.
Програма
Ден 1 - (Петок)
- Состанок на групата на Дрводекор во 20:30 часот, поаѓање во 21:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат до Будва со попатни паузи за одмор и царински формалности.
Ден 2 - (Сабота)
- Пристигнување во Острог во утринските часови, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. Ноќевања во манастирот.
Ден 3 - (Недела)
- По светата неделна утринска литургија се упатуваме кон Будва,каде ќе имате слободно индивидуално време за прошетка во стариот град на Будва, посета на Словенска плажа и доколку дозволат временските услови капење во Јадранско море. Попатна кафе пауза и панорамски разглед на едно од најмонденските летувалишта на Јадранското море - Свети Стефан. Во договорено време поаѓање за Скопје.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1500 денари по лице
СЕКОЈ ВИКЕНД ВО МЕСЕЦ АПРИЛ И МАЈ:
- 07.04-09.04.2023
- 21.04-23.04.2023
- 28.04-30.04.2023
- 05.05-07.05.2023
- 12.05-14.05.2023
- 19.05-21.05.2023
- 26.05-28.05.2023
Во цената на аранжманот е вклучено:
*1 ноќевање во манастирот
*Превоз со високотуристички автобус
*Посета на Будва
*Лиценциран пратител во текот на целото патување
*Организација и реализацијa на аранжманот
Во цената не е вклучено:
*Туристичка такса 1 евро за посета на Манастирот Острог
*Комбињата за превоз до манастирот се плаќаат дополнително на лице место
Дата Од | Дата До | Статус | Цена | |
---|---|---|---|---|
28.04.2023 | 28.04.2023 | Активна | 1500 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |
21.04.2023 | 23.04.2023 | Активна | 1500 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |
07.04.2023 | 09.04.2023 | Активна | 1500 ден. | ПЛАТИ ОНЛАЈН |