THE XANTHE RESORT & SPA 5*

ХОТЕЛИ

Програма

1
Положба
    Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki, 7км од Side и 60км од Анталија.
2
Сместување
    Вкупен број на соби 243 во четири блока.

    - Стандардни соби
    (24m², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице)

    - Стандардна соба со кревет на спрат
    (30-35m², една голема соба со кревети на спрат, макс. 2+2 лица),

    - Фамилијарни соби
    (55m², две спални соби , едно купатило, макс. 4+1 лице), и четири соби за хендикепирани лица.

    Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима уред (кој работи според временските услови), телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување, после тоа само вода), сет за кафе и чај, сеф(дополнително се наплатува), сателитска телевизија и музички канали, балкон.

3
Услуга
    All inclusive - шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, закуски во барот на базен и барот на плажа, вечера, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10 : 00 – 24 : 00 часот, A’la Carte ресторани со претходна резервација во било кој од рестораните и еднаш за време на престојот, закуска на плажа до 18:00 часот. Не е вклучено во all inclusive концептот: сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежи овошни сокови, Турско кафе.
4
Содржини
    Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Safron- Турска кујна, Lagos- Италијанска кујна, Скара- месо и стек, Рибен ресторан, барови за закуска покрај базен и на плажа, лоби бар. Доктор, услуга за перење, телефон, факс, интернет, шопинг центар дополнително се наплатуваат.
5
Плажа
    Хотелска приватна песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори, и пешкири на плажа.
6
Спорт и забава
    Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терени, одбојка на плажа, пинг- понг, мини голф. Се доплатува : спортови на вода, осветлување за тениски терени, масажа, јавање коњ. Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 6 – 12 години.