ПРОГРАМА:

Ден 1 - 30.12.2020 (Среда)

Состанок на групата на Дрводекор во 20:30 часот, поаѓање во 21часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат до Острог со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден 2 - 31.12.2020 (Четврток)

Посета на Острошкиот Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. Патувањето продолжува кон Будва. Сместување во вила во центарот на Будва. Слободно попладне за индивидуални активности. Ноќевање.

Ден 3 - 01.01.2021 (Петок)

Можност за факултативна посета на градот Котор. Пристигнување и слободно време за индивидуален разглед на градот каде може да се видат Саат Кулата, Катедралата Св. Трифун, Православната Црква Св.Никола. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Будва, можност за посета на стариот град. Ноќевање.

Ден 4 – 02.01.2021 (Сабота)

Одјавување од вилата во договорено време и поаѓање кон Подгорица каде што е предвидена посета на трговскиот центар DELTA CITY. Во договореното време поаѓање кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  69€ по лице 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

*2 ноќевања во вила во центарот на Будва

*Превоз со високотуристички автобус  

*Посета на манастирот Св.Василије Острошки

*Посета на трговскиот центар DELTA CITY

*Лиценциран пратител во текот на целото патување

*Организација и реализацијa на аранжманот

*Вклучен IgM тест за антитела 

Во цената не е вклучено:

*Факултативен излет до Котор 5 евра

*Туристичка такса 1 евро за посета на Манастирот Острог                        

*Комбињата за превоз до манастирот се плаќаат дополнително на лице место

*Можност за организиран трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река и Велес со доплата 5 евра по лице

 Напомена:

*Се патува со лична карта или пасош

*За реализација на факултативата потребно е да бидат пријавени минимум 20 патници

*Доколку патникот добие позитивен тест за антитела, во тој случај се задржуваат 1000 ден. за тестот, а остатокот се рефундира

*Доколку сме спречени да ја реализираме турата поради ситуацијата со која се соочуваме, уплатените средства ќе бидат рефундирани

*За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.

*При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај

*За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.

*Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.