Поклоничко патување во манастирот Тумане, Србија

Тумане е идеална дестинација за воздигнување како во духовна така и во култуно - историска смисла. Манастирот Тумане се наоѓа на 120км од Белград и 9км од Голубац. Голубац е местото каде насмевката на Дунав е најширока, токму пред влезот во  теснецот кој меѓу напукнатите карпи ја изрежал најголемата клисура во Европа, а Кошава ги разбива брановите на Дунав по ѕидините на величенствената тврдина. Како изгледале црквата и комплексот манастири Тумане не е возможно да се утврди со оглед дека во средниот век и турското ропство манастирот ги носи бремето и страдањата на својот народ. Манастирот бил ограбен, срушен, запален но како и народот секогаш бил обновуван. Сегашната црква е подигната и осветена во 1924 година.  

Сребрено Езеро

Сребрено Езеро е езеро на десниот брег на реката Дунав и претставува нејзино некогашно речно корито, кое денес е затворено со две брани. Се наоѓа на подрачјето на Браничевскиот округ во источна Србија, на два км од Велико Градиште. Оддалечено е 110 км од Београд и само 35 км од прекрасниот град Пожаревац. Името го добило поради тоа што во попладневните часови кога е сончево време се јавува интересна сребреникава рефлексија на водната површина. Самото езеро е во широката долина на Дунав, опкружено со ридови од северната, јужната и западната страна. Устијето на реката Пек во Дунав, познато по својот обратен тек за време на висок водостој, се наоѓа јужно од езерото. Сребрено езеро има неправилен лачен облик и зазема површина од 4 км кв.

Просечната ширина на езерото изнесува 300 м, додека просечната должина изнесува 14 км. Се наоѓа на надморска височина од 70 м и длабоко е 8 м. Поради чистата околна средина водата е бистра, а дното е покриено со многубројни песочни дини. Езерото е богато со слатководни риби како што се: амур, шаран, сом, штука и останати.

Сребрено Езеро е популарна туристичка дестинација за одмор и риболов, но во последно време, освен локални привлекува туристи и од поширокиот простор на Србија, а често доаѓаат и странски туристи. Во неговата околина се наоѓаат познатиот хотел „Сребрено Езеро„, неколку викенд населби со модерни објекти како и најголемиот авто-камп во Србија. 

 

Термини:

- 29.11.2020 (недела)

- 08.12.2020 (вторник)

Програма:

Состанок на групата во 23:45 часот, поаѓање кон Србија во 00:00 часот.
Ноќно возење со попатни паузи за царински формалности и за одмор. Пристигнување во Манастирот во утринските часови.
Присуствување на светата утринска литургија.
Во 13:30 часот групата се собира и се упатуваме кон посета на Сребреното Езеро. 
Во договорено поаѓање кон Скопје. 
Превидено време за пристигнување во вечерните часови.

Цена на аранжманот: 1200 денари

 Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со високотуристички автобус
- Посета на манастирот Тумане
- Присуствување на светата утинска литургија
- Посета на Сребрено Езеро
- Организација на патувањето и пратител

 Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување

НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници
- Доколку нема доволен број на патници, организаторот има право да го откаже патувањето 1 ден пред поаѓање
- Се патува без PCR тест
- Се патува со лична карта или пасош
- За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
- При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај
- За време на патувањето во автобус задолжително е носење на заштитна маска со која се покрива устата и носот.
- Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ИДЕАЛ ТРАВЕЛ