ПРВ ДЕН: 23.10.2020 (ПЕТОК)

СКОПЈЕ - ПРИШТИНА - ГРАЧАНИЦА - ПРИЗРЕН

 

Состанок на групата во 08:00 часот, поаѓање во 8:30 часот од Дрводеор

Пристигнување околку 10:00 часот. Потоа веднаш следува разглед на градот.

 

*Приштина е град кој многу бргу се менува и е полн со потенцијал и оптимизам. Oвој град има многу значајни музеи и галерии, како и голем број знаменитости. Приштина за многу посетители претставува вистинско изненадување. Освен преубавиот центар на градот ќе Ве воодушеват рестораните, кафулињата и турските населби кои со векови се дефиниција за овој град.

 

Ги посетуваме: националната билиотека (модерен арихитектонски дизајн), недовршената православна црква, католичката црква, NEW BORN споменикот, статуата на Мајка Тереза, Скендербеговата статуа, владата и парламентот, познатиот Union хотел, статуата на Ибрахим Ругов, споменикот на братство и единство, најстарата чаршиска џамија, Јаша-пашина џамија, националниот музеј на Косово, саат кулата, Фатих џамија и статуата на Бил Клинтон.  

Слободно индивидуално време за ручек.

 

Потоа се упатуваме кон Грачаница.

*Грачаница претставува град кој се наоѓа југоисточно од Приштина. Негова карактеристика е истоимениот манастир кој е довршен во 1321 година од Српскиот крал Милутин. Овој манастир е еден од најатрактивните, сместен на огромна тревна површина. Најпрвин влегуваме во манастирската капела низ главната врата каде што ќе сретнеме слики од средновековната ера кои оставаат без зборови. Највоодушевувачкиот дел е на бочната страна која изобилува со живописни фрески. Посетителите мора да го почитуваат кодексот на облекување, односно да не носат шорцеви и маици со кратки ракави. Веднаш до манастирот има сувенирница.

Потоа се упатуваме кон Призрен.

 

*Во минатото Призрен бил највредно и најзначајно место ко Косово и Метохија. Денес Призрен е град-музеј, претставува остаток од три града кои некогаш постоеле. Изобилува со цркви, кои се под заштита на Унеско и голем број џамии. Владее посебен сјај во чаршијата на градот и околните сокачиња. Препознатлива карактеристика е камениот мост кој спојува два брега на овој град. Овој град уште се нарекува и Српски Цариград”. Тука ги разгледуваме музејот на Албанска лига, Мехмед-пашина џамија, библиотеката и Медреса - средно муслиманско училиште, Минарето Араст, Левишка црква која е под заштита на Унеско, католичката црква, православната црква на Св.Ѓоргија и Никола. По ова следува посета на стариот град и разглед на камениот мост. Тука ја посетуваме Синан-пашина џамија, православната црква Св. Спас и тврдината Калаја.

По завршувањето на разгледот, се упатуваме кон шопинг центарот Аби Чаршија. Слободно индивидуално време за шопинг и други активности. Потоа се упатуваме кон хотел. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

 

ВТОР ДЕН: 24.10.2020 (САБОТА)

ПРИЗРЕН-ВИСОКИ ДЕЧАНИ - ПЕЧ - ПЕЧКА ПАТРИЈАРШИЈА - СКОПЈЕ

 

Се упатуваме кон манастирот Високи Дечани кој претставува средновековен Српски православен Манастир на кралот Стефан III Дечански и царот Душан. Градбата е завршена во 1335 година, а фреските во 1350 година. Овој манастир е посветен на Христо Пантократов. Главен мајстор бил Вито Которани. Овој храм претставува петобродна градба и припаѓа на рашкиот стил.  Манастирот се наоѓа во општината Дечан, во Косово во една долина покрај реката Дечанска Бистрица на 17км југозападно од Печ, под планината Проклетие.

 

Од тука, се упатуваме кон Печ. Град кој се наоѓа во западниот дел на Косово, во областа Метохија. Останатите називи за овој град го вклучуваат турскиот збор ipek, латински: siparantum. Слободно индивидуално време.

Се упатуваме кон Печка патријаршија, православна црква со седиште во Печ, која постоела помеѓу 1346 до 1463 година, во средновековната Српска држава. Оваа црква опфаќа главно Срби, но и други православни балкански народи. По периодот на Отоманското владеење имала огромно значење за зачувување на верската автономност и христијанскиот идентитет. Печките патријаршии (Макарија, Герасима, Јеротеја, Пајсија, Мојсија, Арсенија III, Aрсенија IV и други) ја носеле титулата патријар на сите Срби и Бугари.

Во договорено време се упатуваме кон Скопје. Пристигнување во вечерните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 59€ ПО ЛИЦЕ

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

- 1 ноќевање со појадок во хотел 3*

- Автобуски превоз на дадена релација

- Туристички придружник на патувањето

- Разглед на Приштина и Печ со локален водич

- Посета на Грачаница

- Посета на шопинг центарот Аби Чаршија

- Посета на манастирот Високи Дечани

- Посета на Печ и Печка Патријаршија

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Патничко и здравствено осигурување

- Влезници во музеи

- Екстра трошоци