Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата.Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од околу 20 милиони жители. Истанбул зафаќа површина речиси колку државата Белгија, со речиси еднаков број население.Во Истанбул се наоѓа најголемата денешна џамија претходно црка и музеј (Света Софија) во светот, испреплетеното влијание помеѓу двете доминантни религии во регионот. Ова е еден поинаков разглед на Истанбул, кој од телевизија го претвараме во реалност. Одиме во куќите кај што се снимани најпознатите турски серијали!

 

Прв ден - Четврток (29.10)

Патувањето започнува од Дрводекор, состанок на група во 15часот поаѓаме во 15.30часот. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три денови. Агенцијата ги контактира патниците ден пред поаѓање. Седиштата во автобусот се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

 

Втор ден - Петок (30.10)

Пристигнувањето на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Ескејп травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Од досегашното работно искуство, нашата агенција вложила доста напори да им овозможи сместување на патниците пред законското време за Check in во хотелот. Патниците добиваат слободно време за пауза, а остатокот од денот предвиден за истражување на најголемиот град во Европа, градот Истанбул.

ПРВИОТ ДЕН ВО ИСТАНБУЛ Е ПРЕДВИДЕН ЗА ПОСЕТА НА:

Аја Софија

Топ Капи палатата

Истанбулски минијатурк

Облакодерот Сафир

Плоштадот ТАКСИМ

 

Tрет ден - Сабота (31.10)

Сакате да го доживеете вистинското истанбулско уживање? Тогаш придружете ни се на турата на 29-ти Октомври бидејќи ние ги посетиме најзначајните места во градот. Сакате поглед од милион долари додека сте на крстарење и да ги посетите најпознатите куќи од турските серии? Ние ја направивме најдобрата комбинација за вас. Третиот ден ќе се реализира според следната програма:

 

ПОСЕТА НА КУЌИТЕ ОД ПОЗНАТИТЕ ТУРСКИ СЕРИЈАЛИ
Ги посетуваме куќите и населбите каде што се снимени најпознатите турски серијали, ќе имаме можност да пиеме кафе или чај покрај нив и да им се сладиме на убавините.

 

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.
Крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич.
Ова е 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу.

 

МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi).

По крстарењето, групата се упатува кон Женската Кула позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мал остров кој се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

 

УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

 

EMAAR SQUERE MALL

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.


Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.

 

Четврти ден - Недела (01.11)

Појадок во хотелот, одјавување и време е за шопинг во најдобриот трговски аутлет 212 во Истанубл. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопин. Кој не би сакал шопинг?

Времетраењето на шопинг е по договор, потоа групата се собира и упатува назад. Предвидено е пристигнување во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 79€ ПО ЛИЦЕ

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Аксарај/Лалели
- Автобуски превоз на дадена релација
- Туристички придружник на патувањето
- Пешачка тура низ стариот град Истанбул
- Посета на Капали Чаршија
- Посета на Аја Софија
- Посета на фабриката за слатки Коска
- Посета на шопинг центарот 212

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Патничко и здравствено осигурување
- Факултативни излети
- Екстра трошоци 

 

НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
- Се патува без PCR тест
- Хотелот ќе го знаат патниците на 2 дена пред поаѓање
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 160 денови од денот на патувањето
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ИДЕАЛ ТРАВЕЛ 

 

Факултативни излети:

 

1. Посета на куќите од турските серии.

Факуклтативен излет со разглед и локален водич кој ќе ви ги покаже куќите каде што се снимени најпознатите турски серии.

 

2. Топкапи палата - 20€

Сарајoт Топкапи е една од најголемите градби во срцето на Истанбул. Оваа исклучително важна палата била седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетените музеи во „Главниот град на светот“. Палатата Топкапи се наоѓа помеѓу Мраморно Море и Златниот Рог, недалеку од Света Софија. Овој објект бил седиште на Османлиските султани и административен центар на Отоманската империја во периодот од 1456 до 1853 година, кога султанот Абдул Меџид решил да го подигне Долмабахче Сарај и таму да го пресели целиот државен апарат.

 

Пакет:Миниатурк парк и Сафир 4Д Кула - 30€

Минијатурк е минијатурен парк сместен на северо-источниот брег на Голден Рог во Истанбул, Турција. Отворен е на 2 мај 2003 година. Минијатурк зафаќа вкупна површина од 60.000 квадратни метри . Тој е еден од најголемите минијатурни паркови во светот со модел на површина од 15,000 м2 . Паркот содржи 122 модели во размер 1:25. Содржи структури од и околу Турција, како и толкувања на историски структури.

Сафир кула претставува облакодер кој што од 2016 година е прогласен за највисока градба во Истанбул лоцирана во централната деловна област Левент. По завршувањето на изградбата Сафир кулата била четврта по ред по височина кула во светот со вклупно 64 ката, 54 над земјата и 10 под земја. Она што е интересно е што овде се качуваме на најгорниот кат, 53 кат, каде ќе имаме прилика да влеземе во 4D кино и од сосема поинаков агол да ги погледнеме сите знаменитости во Истанбул. Иста така, можеме да излеземе на огромната стаклена тераса од која се гледа целиот Истанбул.

Таксим плоштад е главниот центар на Истанбул на кој се случуваат протести, прослави и разни манифестации. Ќе може да пиете вклусно турско кафе, да јадете баклава или локум и да уживате во прекрасната музика од уличните музичари на главната улица Истиклал.

 

Пакет 1:Крстарење по Босфор,Моминска кула,Ускудар,Нокен Истанбул(Emmar Square Mall,Watergarden)

50евра намалување од 55евра
Крстарење по Босфор
Моминска Кула
Ускудар
Ноќен Истанбул (Emmar Square Mall, Watergarden)

 

Пакет 2:Крстарење по Босфор,Моминска Кула,Ускудар,Ноќен Истанбул,Миниатурк парк,Сафир 4Д Кула и плоштад ТАКСИМ

75евра намалување од 85евра

-Крстарење по Босфор

-Моминска Кула

-Ускудар

-Ноќен Истанбул(Emmar Square Mall,Watergarden)

-Миниатурк Парк

-Сафир 4Д Кула

-Плоштад Таксим