По долгата пауза од пандемијата среќнo ве информираме дека градот ќе биде повторно освоен од нашата викенд тура за 23ти Октомври. Добра вест е тоа што ќе патуваме без PRC тест. Со официјално одобрение од бугарските власти, Идеал Травел ве води во градот на два континенти.

Истанбул во лето мириса на море. Мириса на историја, традиција и култура. Нашата добро позната број 1 викенд тура ќе се спроведе според сите препораки од надлежните, а организирана од искусни водичи кои знаат што му е потребно на секој патник.


Прв ден - Четврток (22.10)
Патувањето започнува од Дрводекор, состанок на група во 15часот поаѓаме во 15.30часот. Нашите водичи се добро обучени и искусни во спроведувањето на протоколот за безбедност при патувањето. Ноќно возење со попатни паузи, царински формалности, презентација на програма и информации околу тоа што ги очекува патниците во наредните три денови. Агенцијата ги контактира патниците ден пред поаѓање. Седиштата во автобусот се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

Втор ден - Петок (23.10)
Пристигнувањето на групата во Истанбул. Групата се упатува кон хотелот заедно со својот багаж, каде истиот се остава во просторија предодредена за чување на багаж. Туристичкиот придружник на Идеал травел е задолжен за комуникација со вработениот на рецепцијата во хотелот каде според список на уплати во канцелариите на агенцијата се делат клучевите од хотелските соби. Од досегашното работно искуство, нашата агенција вложила доста напори да им овозможи сместување на патниците пред законското време за check in во хотелот. Патниците добиваат слободно време за пауза, а остатокот од денот предвиден за истражување на најголемиот град во Европа, градот Истанбул.

Започнуваме со пешачка тура низ стариот град на Истанбул, ги посетуваме Капали Чаршија, Аја Софија и потоа Топкапи палатата.  

По прошетката се враќаме во хотел, имаме индивидуално време за одмор и потоа се упатуваме кон Истанбулски минијатурк и облакодерот Сафир.

Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

 

 

Tрет ден - Сабота (24.10)

Сакате да го доживеете вистинското истанбулско уживање? Тогаш придружете ни се на турата на 23ти Октомври бидејќи ние ги посетиме најзначајните места во градот. Сакате поглед од милион долари додека сте на крстарење? Ние ја направивме најдобрата комбинација за вас. Третиот ден ќе се реализира според следната програма:

· ПОСЕТА НА ДОЛМАБАХЧЕ

Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини. Грандиозноста е нешто што секогаш ќе ги привлекува посетителите што сакаат барем за миг да ѕирнат во минатото и да го почувствуваат амбиентот во кој живееле отоманските благородници. Палатата, исто така, е дом и на најголемиот лустер од бохемиски кристали во светот, со 750 светилки и тежина од 4,5 тони, кој бил подарок од британската кралица Викторија. Покрај овој лустер, во палатата може да се најде и најголемата колекција на слични лустери. Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

· КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР
Третиот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич.
Ова е 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите и сите познати вили од играните серии ќе можете да ги погледнете одблизу.

· МОМИНСКА (ДЕВОЈАЧКА) КУЛА (Kiz Kulesi)

По крстарењето, групата се упатува кон Женската Кула позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мал остров кој се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

· УСКУДАР

Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

· EMAAR SQUERE MALL

Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони посетители. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.

· WATERGARDEN
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.


Четврти ден - Недела (25.10)

Појадок во хотелот, одјавување и време е за шопинг во најдобриот трговски аутлет 212 во Истанубл. Нашата програма е создадена да одговара на потребите на секој патник. Од историја, култура, животен стил па се до шопин. Кој не би сакал шопинг?

Времетраењето на шопинг е по договор, потоа групата се собира и упатува назад. Предвидено е пристигнување во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 79ПО ЛИЦЕ

ОРГАНИЗИРАН БЕСПЛАТЕН ТРАНСФЕР ОД: БИТОЛА, ПРИЛЕП, КАВАДАРЦИ (ЦРНА РЕКА), ВЕЛЕС И КУМАНОВО. 

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

- 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Аксарај/Лалели
- Автобуски превоз на дадена релација
- Туристички придружник на патувањето
- Пешачка тура низ стариот град Истанбул
- Посета на Капали Чаршија
- Посета на Аја Софија
- Посета на фабриката за слатки Коска
- Посета на шопинг центарот 212

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Патничко и здравствено осигурување
- Факултативни излети
- Екстра трошоци 

НАПОМЕНА:
- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 40 патници.
- За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума
- Се патува без PCR тест
Хотелот ќе го знаат патниците на 2 дена пред поаѓање
- Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)
- За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 160 денови од денот на патувањето
- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ИДЕАЛ ТРАВЕЛ 

 

Факултативни излети:

Топкапи палата - 20е

Сарајот Топкапи е една од најголемите градби во срцето на Истанбул. Оваа исклучително важна палата била седиште на Отоманската империја повеќе од 4 века, а денес претставува еден од најпосетените музеи во „Главниот град на светот“. Палатата Топкапи се наоѓа помеѓу Мраморно Море и Златниот Рог, недалеку од Света Софија. Овој објект бил седиште на Османлиските султани и административен центар на Отоманската империја во периодот од 1456 до 1853 година, кога султанот Абдул Меџид решил да го подигне Долмабахче Сарај и таму да го пресели целиот државен апарат.

 

Пакет:Миниатурк парк и Сафир 4Д Кула - 30евра

Минијатурк е минијатурен парк сместен на северо-источниот брег на Голден Рог во Истанбул, Турција. Отворен е на 2 мај 2003 година. Минијатурк зафаќа вкупна површина од 60.000 квадратни метри . Тој е еден од најголемите минијатурни паркови во светот со модел на површина од 15,000 м2 . Паркот содржи 122 модели во размер 1:25. Содржи структури од и околу Турција, како и толкувања на историски структури.

Сафир кула претставува облакодер кој што од 2016 година е прогласен за највисока градба во Истанбул лоцирана во централната деловна област Левент. По завршувањето на изградбата Сафир кулата била четврта по ред по височина кула во светот со вклупно 64 ката, 54 над земјата и 10 под земја. Она што е интересно е што овде се качуваме на најгорниот кат, 53 кат, каде ќе имаме прилика да влеземе во 4D кино и од сосема поинаков агол да ги погледнеме сите знаменитости во Истанбул. Иста така, можеме да излеземе на огромната стаклена тераса од која се гледа целиот Истанбул.

 

Посета на палатата Долмабахче - 25евра

Долмабахче Сарај е палата што се наоѓа во областа Бешикташ во Истанбул, на европската страна од протокот Босфор. Комплексот служел како резиденција на Отоманските султани и главен административен центар, од 1856 година, до падот на Империјата во 1922 година. Денес, Долмабахче Сарај претставува туристичка атракција од неколку причини. Грандиозноста е нешто што секогаш ќе ги привлекува посетителите што сакаат барем за миг да ѕирнат во минатото и да го почувствуваат амбиентот во кој живееле отоманските благородници. Палатата, исто така, е дом и на најголемиот лустер од бохемиски кристали во светот, со 750 светилки и тежина од 4,5 тони, кој бил подарок од британската кралица Викторија. Покрај овој лустер, во палатата може да се најде и најголемата колекција на слични лустери. Сарајот е познат уште и по тоа што таткото на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк, ги поминал своите последни денови во една од одаите, каде што и починал на 10 ноември, 1938 година.

 

Пакет 1: Крстарење по Босфор,Моминска кула,Ускудар,Нокен Истанбул(Emmar Square Mall,Watergarden)

50евра намалување од 55евра

Крстарење по Босфор
Моминска Кула
Ускудар
Ноќен Истанбул (Emmar Square Mall, Watergarden)

 

Пакет 2: Крстарење по Босфор,Моминска Кула,Ускудар,Ноќен Истанбул,Миниатурк парк,Сафир 4Д Кула

80евра намалување од 85евра

Крстарење по Босфор

Моминска Кула

Ускудар

Ноќен Истанбул(Emmar Square Mall,Watergarden)

Миниатурк Парк, Сафир 4Д Кула + плоштадот ТАКСИМ

 

ВИП ПАКЕТ: Крстарење по Босфор,Моминска Кула,Ускудар,Ноќен Истанбул,Миниатурк парк,Сафир 4Д Кула, плоштадот Таксим, Долмабахче, Топкапи палатата, аквариум

125евра намалување од 137евра

Крстарење по Босфор

Моминска Кула

Ускудар

Ноќен Истанбул(Emmar Square Mall,Watergarden)

Миниатурк Парк, Сафир 4Д Кула + плоштадот ТАКСИМ

Посета на Аквариум

Долмабахче

Топкапи палатата