1 Ден: 05.03
 Скопје – Виена (четврток)

Состанок на групата во 13:30 часот и поаѓање за Виена во 14:00 часот. Се патува преку Р.Србија и Р.Унгарија со куси попатни паузи за царински формалности и одмор.

2 Ден: 06.03 Виена (петок)

Пристигнување во Виена во претпладневните часови. Разглед на градот со локален туристички водич : Операта, Палатите на дворецот Хофбург, Музејот на модерна уметност, Парламентот, Градското собрание, Рингштрасе, дворецот Белведере, катедралата Св.Стефан и Стефанплац.  По разгледот, сместување во хотел. Слободно време за oдмор.  Состанок на групата и организиран трансфер до центарот на градот и прошетка низ плоштадите. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 Ден: 07.03 Виена (сабота)

Појадок.  По појадокот, можност  за организирана факултативна посета на внатрешноста на дворецот Шенбрун и негов разглед со локален водич со вклучена влезница . Слободно време за посета паркот на дворецот . По разгледот, посета на Дунавската кула која е висока 150 метри и овозможува прекрасен панорамски поглед на Виена. Враќање во хотел во попладневните часови, или можност за слободен ден со индивидуални активности. Слободно време за одмор. Вечерта организиран трансфер до центарот на градот.Во договореното време собирање на групата и враќање во хотел. Ноќевање.

4 Ден: 08.03. Виена-Братислава-Скопје (недела)

Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување за Братислава. Пристигнување во Братислава и разглед на градот :  средовековниот плоштад со Роландовата Фонтана, Михалската порта, Градското собрание, катедралата Св.Мартин, Словачкиот народен театар, барокната палата каде Моцарт ги изведувал своите дела, палатата Паули во која Франц Лист го одржал својот прв концерт .  Во пладневните часови заминување за Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 Ден: 09.03 Скопје (понеделник)

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 Редовна цена 129 евра.

 ПРОМО ЦЕНА ДП 01.02.2020....... 109 евра 

 За резервација на аранжманот потребна е уплата од 30% 

 

 Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација;

2 ноќевања со појадок во хотел со 3***

- Организиран разглед на Братислава 

- Организирани трансфери од хотел до центарот на Виена и назад;

- Придружник - пратител на групата за време на патувањето;

- Организација и реализација на аранжманот.
*Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци (црна река) и Велес 

 

Во цената не е вклучено:

- Факултативна посета на внатрешноста на Дворецот Шенбурн со вклучена влезница и негов разглед со локален водич - 30 евра

- Посета на Дунавската кула со вклучена влезница - 20 евра

- Разглед на Виена со локален водич - 10 евра

- Патничко осигурување без франшиза за времетраење на патувањето - 300 ден.

- СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи (50 евра) по лице.

 

 

НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 5 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)