БУДИМПЕШТА

8 МАРТ

Програма

1
1 ден 06.03.2025 четврток СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА
    Состанок со групата на Дрводекор во 18.00 часот, тргнување во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
2 ден 07.03.2025 петок БУДИМПЕШТА
    Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта факултативно крстарење со брод на Дунав и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.
3
3 ден 08.03.2025 сабота БУДИМПЕШТА – ВИЕНА
    Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена - булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург, дворецот Шенбрун кој се наоѓа западно од Внатрешниот град (Innenstadt - името на првата виенска област), во областа Хитцинг. Се до 1642 година, го носел името Катербург и бил во сопственост на виенскиот градоначалник, додека пак после овој период во него се сместила царицата Елеонора, која тука се населила после смртта на нејзиниот сопруг. Денешното име, дворецот се поврзува со царот Матијаш, кој за време на својот лов, на ова место забележал голем број на извори. Влезницата во дворецот не е вклучена во цената. По разгледот, следува слободно време за индивидуални прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.
4
4 ден 09.03.2025 недела БУДИМПЕШТА – СЕНТ АНДРЕА - СКОПЈЕ
    Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.
    Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 10.03.2025 (понеделник).

ПРОМО ЦЕНА: 149 евра со пакет факултативи 85 евра по лице

(факултативите се плаќаат во автобус)

РЕДОВНА ЦЕНА: 169 евра

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
Автобуски превоз на дадените дестинации,
- Две ноќевања во хотел 3* во Будимпешта
- Организација на аранжманот
и придружник на патувањето
Трансфер од Битола, Прилеп, Црна Река (Сирково) и Велес

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Разглед на Будимпешта со локален водич - 15 евра
- Крстарење со брод по Дунав - 2
5 евра
- Посета на 
Виена (влезница во дворецот Шенбрун не е вклучена)- 40 евра
- Посета на Сент Андреа -1
5
евра (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА)
- Патничко осигурување-300 денари

Задолжителна туристичка такса - 2.5€ по лице по ноќевање

 

НАПОМЕНA ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

 

НАПОМЕНИ:

-          За single соба се доплаќа дополнителни 70% од аранжманот

-          Дете до 11,99 со двајца возрасни плаќа 80% од аранжманот

-          Во случај на еден возрасен и едно дете до 11,99г детето плаќа 100%

-          За реализација на аранжманот потребен е миниум од 40 патници во спротивно организаторот може да ја откаже турата до пет дена пред тргнувањето

-          За резервација задолжителна е уплата од 30% од вкупната сума и доплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

-          За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност мин. месеци од денот на патувањето

-           Доколку патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 10 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

-          Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

-          Во случај на недоволен број на патници/промена на работни саати на локалот којшто е предвиден да се посетува организаторот смее да направи промена или отказ на факултативите на лице место

-          За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Идеал Травел