РИЛСКИ МАНАСТИР

Рилскиот манастир или подобро кажано Скриеното богатство на Бугарија се наоѓа во пазувите на Рила Планина,на влевот на реките Друшлевица и Рилска.
Основан во текот на 10-ти век од небесниот заштитник на бугарскиот народ,Јован Рилски,тој е најголемиот и најстариот православен манастир на Балканот.Манастирот и до ден денес е колевка и столб на бугарскиот дух и народност.
Уништен од пожар во почетокот на 19 век, комплексот бил повторно изграден помеѓу 1834 и 1862 година.Од 1961 година Рилски манастир е претворен во Национален музеј а УНЕСКО го прогласува целиот комплекс за споменик на културат со светско значење.
Манастирот е прикажан на бугарската банкнота од 1 лев.

ЦЕНА: 790 денари
ТЕРМИН: 13.04.2019


Програма:

· Тргнување од паркинг кај Холидеј Ин(Дрводекор), во 07:00 часот (собирање на група 06:30 ч.)

· Патување преку граничниот премин Деве Баир (Крива Паланка)

· Предвидено време за пристигнување на Рилски Манастир околу 11:00 ч.

· Време за разглед на манастирот и индивидуални активности

· Тргнување кон Благоевград во предвидено време во договор со групата.

· Посета на шопинг центарот Метро

· Тргнување за Македонија во 18:00 ч.



ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

- Автобуски превоз на дадена релација

- Придружник на патувањето