Состанок на групата во 06:45 на Дрводекор и поаѓање за Крива Паланка.

Во непосредна близина на Крива Паланка се наоѓа големото македонско светилиште, манастирот Свети Јоаким Осоговски. Токму во овие предели кон крајот на XI и почетокот на XII век се подвизувал св. Јоаким Осоговски Чудотворец.

ЦЕНА: 499 денари

ТЕРМИН: 14.04.2019  

Од житието на преподобниот отец наш 
Јоаким Осоговски Чудотворец

Преподобниот Јоаким се подвизувал во втората половина на XI век. Бидејќи ревносен за подвижнички живот во осаменост уште од младоста, тој заминал од родниот крај кон пустината на Осоговската гора. Воден од ангел Божји една вечер пристигнал во домот на еден бојарин во селото Градец.

Свети Јоаким Осоговски

Во малечката црквичка на тоа село Јоаким најпрво Му се помолил топло на Бога, па седнал пред црквата за да се одмори од долгото пешачење. Кога го виделе, му пристапиле некои бојари, а тој ги замолил да му покажат некое место во планината погодно за осаменички подвизи. Тие му укажале на подножјето на Осоговската Планина покрај реката Скупица, зашто таму се наоѓала една пештера погодна за животот каков што тој посакувал. Кога слушнал за тоа место, свети Јоаким Му заблагодарил на Бога и на Пресветата Владичица, па тргнал на пат кон местото. Кога стаса на местото наречено Сарандапор, се населил во тамошната пештера и остана во неа до крајот на животот, околу 1105-та година. Во оваа пештера се подвизувал ангелоподобно, минувајќи ги деновите и ноќите во пост, непрестајни молитви и бденија.

Во времето на византискиот цар Мануил I Комнен (1143 – 1180), Црквата го прославила споменот на преподобниот Јоаким. Било обновено и местото на неговите подвизи. Била подигната црква и манастир посветени на свети Јоаким. За прв игумен на братството бил избран јеромонахот Теофан. Светителот на сон му го открил на игуменот местото на своите свети мошти, па му покажал и дрво во шумата од кое побарал да му направи ковчег и во него да ги пренесе светите мошти во манастирот. Сето тоа отец Теофан го извршил со беспрекорно послушание и браќата со свечена литија ги пренеле моштите на Преподобниот во манастирот. Светите мошти ги положиле во црквата, за веднаш потоа крај нив да започнат да се случуваат многубројни чуда.

Од историјата на манастирот

Манастирот во својата богата историја бележи подеми и падови. За неговото значење зборува податокот дека бил посетуван од повеќе црковни великодостоинственици, државници и патеписци. На иницијатива на Хаџи Стефан Бегликчијата во 1847 год. започнува изградбата на големата соборна црква посветена на св. Јоаким Осоговски. Во 1851 год. таа е завршена и осветена. Изградбата била доверена на протомајсторот Андреј Дамјанов (1817-1878), по потекло од родот на Рензовци, најпрочуениот градител на Балканот од почетокот на XIX век.

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО: 

- Автобуски превоз на дадена релација

- Придружник на патувањето 


НАПОМЕНА:

- За реализација на аранжманот, потребен е миниум од 50 патници.

- За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и ИДЕАЛ ТРАВЕЛ