СВ. ЈОВАН БИГОРСКИ – РАЈЧИЦА – ВЕВЧАНИ

Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител" се наоѓа на 20 километри од градот Дебар, кога се оди по магистралниот пат што води од Маврово кон Струга, по текот на реката Радика, и е сместен во преубав природен предел исплнет со бујна шума и карпи од бигорен камен (по што и манастирот го добива името).

Раички манастир или понекогаш Рајчички манастир — манастир во селото Рајчица, во непосредна близина на градот Дебар, односно во неговото предградие на само 2 км од центарот. Тој претставува женски манастир и е метох на познатиот и најбогатиот македонски Бигорски манастир. Овој манастир се претпоставува дека е основан во почетокот на XIV век, како метох на Бигорскиот манастир Свети Јован во Дебарското поле. Сепак точната година на изградба на манастириските конаци е 1835 година во времето кога игумен на Бигорскиот манастир бил архимандритот Арсениј од Галичник. 

Општина Вевчани се наоѓа на само 15 км од Охридското Езеро. Првите легенди и писанија за Вевчани велат дека е стара населба, а нејзините почетоци датираат од крајот на VI, односно почетокот на VII век.

ЦЕНА:599 денари
ТЕРМИН: 20.04.2019

Опис на програмата:

Состанок на групата во 07:00 ч.

Тргување во 07:30 ч. од Дрво Декор спроти Holiday Inn.

Посета и разглед на манастирот Св. Јован Бигорски

Посета и разглед на манастирот Рајчица

Слободно време за разглед и посета на Вевчанските извори

Поаѓање кон Скопје во 18:00 часот