Ден 1 - 25.04.2019 (Четврток)

Состанок на групата на Дрводекор во 23:00 часот и поаѓање. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат до Острог со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден 2 - 26.04.2019 (Петок)

Посета на Острошкиот Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. Патувањето продолжува кон Будва. Попатна кафе пауза и можност за фотографирање на едно од најмонденските летувалишта на Јадранското море - Свети Стефан. Сместување во хотел Монте рио во Будва. Слободно попладне за индивидуални активности и можност за посета на дискотека. Ноќевање.

Ден 3 - 27.04.2019 (Сабота)

Посета на градот Котор. Пристигнување и слободно време за индивидуален разглед на градот каде може да се видат Саат Кулата, Катедралата Св. Трифун, Православната Црква Св.Никола. Факултативна екскурзија до Дубровник. Пристигнување во Дубровник и разглед на стариот град Страдун: Главната капија–Пиле, Францисканскиот манастир со една од најстарите аптеки во Европа, Старата царина, Катедралата Свети Блаж, Ректоровата палата, старото пристаниште итн. Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Будва, можност за посета на стариот град. Ноќевање

Ден 4 – 28.04.2019 (Недела)

Одјавување од хотелот. Слободно време. Во попладневните часови поаѓање за Скопје, ноќно возење со попатни паузи и царински формалности, пристигнување во Скопје околу полноќ.

Цена на аранжманот: 59 евра / 3650 ден.

 


Во цената е вклучено: 
*2 ноќевања со појадок во хотел MONTE RIO Будва
*Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
*Посета на манастирот Св.Василије Острошки
*Лиценциран пратител во текот на целото патување
*Организација и реализацијa на аранжманот

Во цената не е вклучено:
*Факултативен излет до Котор и Дубровник - 20 евра 
*Туристичка такса-1 евро од ден
*Патничко осигурување