1 ДЕН: ЧЕТВРТОК (10.10.2019) СКОПЈЕ – ПРАГА:

Состанок на групата во 11:30 часот на Дрводекор, поаѓање за Прага во 12:00 со високотуристички автобус. Патот води преку Србија и Унгарија со попатни одмори и царински формалности.

2 ден: ПЕТОК (11.10.2019) ПРАГА
Пристигнување во Прага во пладневните часови.Панорамско разгледување на градот со локален туристички водич: Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Еврејската четврт, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник-Орлој, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Во вечерните часови ноќна прошетка низ центарот на Прага со можност за крстарење по реката Влтава и прошетка.Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден: САБОТА (12.10.2019) ПРАГА - ДРЕЗДЕН - ПРАГА
Појадок. После појадокот излет во прекрасниот Дрезден. Денеска главен град на покраината Саксонија , некогаш (по втората св.војна) дел од Источна Германија. Основан  уште во 600 г.пне. на обалата на реката Елба . Во еден период населен и од Славонски племиња. Карактеристичен, прекрасен Саксонски стил во архитектурата – богатсво на прекрасни градби , како остатоци од некогашното Кралство Саксонија.  Стариот дел од градот е слика на  богатото и славно минато : Палатата Звингер ,седиште на многу музеи со преку 2000 уметнички слики, прекрасна нео-ренесансна градба , прекрасната Готска  Богородична црква –Frauenkirche,  Кралската палата – денеска државен музеј каде се чува Зелениот трезор,  Палатата Ташенбер (денешен хотел Кемпински ), Августовиот мост на “ Фиренца на Елба “ како што се споредува денешен Дрезден . Излет кој нема да ве остави рамнодушни. Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

4ден НЕДЕЛА (13.10.2019)  ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ  БРАТИСЛАВА  – СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и предлагаме излет до најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Посета на деветнаесет извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од  порцелан, стаклото Мозер, ликерот Беkеровка како и музејот на Беkеровка. По разгледот, се уплатуваме кон Словачката престолнина Братислава. Разглед на старото градско јадро, средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт. Слободно време за индивидуална прошетка и во договорено време поаѓање за Скопје.
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.


Цена:119 евра (7380 денари)

 Во цената е вклучено:

*Превоз со високотуристички автобус на наведената релација.
*2 ноќевања со појадок во хотел со 3 * ( А&О Prague Metro Strizkov)
***Линк до хотелот: 
https://www.booking.com/hotel/cz/fortunaluna.en-gb.html?aid=311984;label=hotel-77135-cz-OeGfOXy8Dv5YyqiCVShsYAS258630002791%3Apl%3Ata%3Ap1%3Ap2%3Aac%3Aap1t1%3Aneg%3Afi%3Atiaud-462398065162%3Akwd-44126782739%3Alp2807%3Ali%3Adec%3Adm;sid=4e0a7b59e0b11207bdb1422547cbf014;dest_id=-553173;dest_type=city;dist=0;group_adults=2;group_children=0;hapos=1;hpos=1;no_rooms=1;room1=A%2CA;sb_price_type=total;sr_order=popularity;srepoch=1566822054;srpvid=d84f56d24c4000e3;type=total;ucfs=1&#hotelTmpl

*Организиран разглед на Прага со локален водич
*Oрганизиран разглед на Братислава.
*Организација на аранжманот и туристички придружник од Т.А Идеал Травел во текот на целото патување.

*Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци(црна река),Велес и Куманово.

Во цената не е вклучено:

*Факултативен излет Карлови Вари - 25евра.
*Целодневна посета на Дрезден - 30eвра.
*Крстарење по реката ‘Влтава - 15 евра.
*Патничко осигурување - 300 денари

Пакет факултативи:(Посета на Карлови вари, Посета на Дрезден и крстарење) 60 евра по лице (со резервација во агенција)