1 ден (10.10.2019 - четврток)  СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА

Состанок со групата на Дрводекор  во 18.00 часот, тргнување  во 18:30 часот. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.


2 ден (11.10.2019 - петок)  БУДИМПЕШТА
Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Потоа следува факултативен панорамски разглед на градот со професионален туристички водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав.Сместување во хотел, време за одмор. Вечерта Крстарење со брод на Дунав со вклучен пијалок шампањ или безалкохолен пијалок. Прошетка и во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.


3 ден (12.10.2019 - сабота) БУДИМПЕШТА –ВИЕНА 
Појадок. После појадокот, факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на Виена -булеварот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург и слободно време за индивидуални прошетки.лот Франц Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ центарот на Виена. Во попладневните часови враќање кон Будимпешта. Ноќевање.


4 ден (13.10.2019 - недела) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот,организиран превоз до улица Ваци (најпознатата и најубавата улица во Будимпешта) каде има можност за индивидуални прошетки.
Во 13:00 часот посета на Сент Андреа. Сент Андреа е место познато по десетиците музеи, големиот број кафулиња, како и магичната атмосфера на уличките помеѓу куќите изведени во различни стилови, преполни со продавнички за ракотворби и сувенири. Поаѓање за Скопје со попатни паузи. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови на 14.10.2019(понеделник).

 

ЦЕНА : 99 евра (6130 денари) со резервација на пакет факултативи
Редовна цена: 109 евра

 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
*Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации,
*Сместување во хотел  3***  2НП   (линк до хотелот:
https://www.booking.com/hotel/hu/gerandebenbudapest.en-gb.html?aid=311984;label=hotel-75180-hu-zUqQ1HQMA_O4Uq3KqTlhdgS86613382365:pl:ta:p1:p2:ac:ap1t1:neg:fi:tiaud-261710242702:kwd-186647096:lp2807:li:dec:dm;sid=4e0a7b59e0b11207bdb1422547cbf014;dest_id=-850553;dest_type=city;dist=0;group_adults=2;group_children=0;hapos=1;hpos=1;no_rooms=1;room1=A,A;sb_price_type=total;sr_order=popularity;srepoch=1567589605;srpvid=e9bf43329995001c;type=total;ucfs=1&#hotelTmpl )

*Придружник од агенцијата за време на патувањето,
*Организација и реализација на аранжманот


*Бесплатен трансфер од: Битола, Прилеп, Кавадарци(црна река),Велес и Куманово.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

*Разглед на Будимпешта со локален водич - 10 евра
*Крстарење со брод по Дунав - 15 евра
*Посета на Виена -25 евра
*Посета на Сент Андреа -10 евра

*Патничко осигурување-300 денари

СПЕЦИЈАЛЕН ПАКЕТ со сите вклучени факултативи (разглед на Будимпешта,посета на Виена, посета на Сент Андреа и крстарење со брод) – 50 евра по лице (со резервација во агенција)