ОСТРОГ

ЕДНОДНЕВНИ АРАНЖМАНИ

Програма

1
1 ДЕН - ПЕТОК
    Состанок на групата на Дрводекор во 20:30 часот, поаѓање во 21:00 часот. Ноќно возење преку Косово и Албанија по новиот автопат до Будва со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2
2 ДЕН - САБОТА
    Патувањето го продолжуваме кон Острошкиот Манастир, едно од најпосетуваните светилишта на Балканот. Манастир кој е врежан во карпите, основан од митрополитот Василије Острошки во XVII век. Ноќевања во манастирот.
3
3 ДЕН - НЕДЕЛА
    По светата неделна утринска литургија се упатуваме кон Будва каде ќе имате слободно индивидуално време за прошетка во стариот град на Будва, посета на Словенска плажа и панорамски разглед на едно од најмонденските летувалишта на Јадранското море – Свети Стефан. Во договорено време собирање на групата и поаѓање за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови